Третмани за подмладување со масно ткиво

Во светот постојат најразлични третмани за подмладување и коригирање на лицето и телото со цел да се избришат трагите кои ги остава времето. Сепак, во последните неколку години најпопуларна метода е онаа со масно ткиво. Се преферира бидејќи е потполно природна, дава долгорочни резултати и е совршена алтернатива за инплантите и филерите. Најчесто се користи за да се пополнат виснатите гради и спуштениот задник, но се почесто се употребува и за подмладување на рацете.

Во Британија процедурата чини помеѓу 1500 до 15 000 фунти во зависност од тоа кој дел од телото ќе биде третиран. За време на третманот се земаат од 20 до 200 мл масно ткиво од внатрешната страна на бутините или стомакот, кои потоа се инјектираат на местата каде што недостига волумен како на пример рацете или пределот околу очите, за да се пополнат брчките.

Уште една од предностите на методата е во тоа што се прави под дејство на локална анестезија и пациентите можат да си одат дома уште истиот ден.

Дел од масното ткиво се апсорбира во телото, додека поголем дел останува на место, старее и се намалува како и преостанатите телесни клетки. Лузните се сведени на миниум затоа што кожата се прободува со мали игли.

Маснотиите за разлика од синтетичките филери се помеки и пофлуидни, телото лесно ги прифаќа и чувството е сосема природно. Доколку нагло загубите тежина се однесуваат исто како преостанатото масно ткиво, се распаѓаат и се апсорбираат. Како резултат на сето тоа ефектите може да траат и до 10 години, што не е случај за филерите каде ефектот најчесто е до 12 месеци.

И покрај тоа што овој третман за подмладување е во пораст, некои од дерматолозите предупредуваат на можните нус појави, како инфекциите и отекувањето доколку не се изведе како што треба.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби