Скопјанки или белграѓанки: Шарм, деколте и убавина!

Зимската клупска сезона во Скопје не донесе некоја многу поразлична програма од минатите години. Ноќните клубови сите добро ги знаеме, но освен по некоја мала внатрешна корекција и офарбан нов ѕид, скоро и ништо да нема ново. Програмата е слична како и минатата сезона, а немаме ниту најава за нов ноќен клуб кој би се отворил во брзо време.

Дали тоа е така поради тоа што нема потреба од нешто ново во нашиот главен град не знаеме со сигурност да тврдиме, па останува времето кое е пред нас да покаже дали Скопје има добар или пак лош ноќен живот.

Кога сме кај добриот ноќен живот нема потреба да одиме подалеку од нашиот северен сосед и неговиот главен град. Таму зимската сезона донесе многу нови програми, а ние ви нудиме да погледнете како се снашле згодните белграѓанки кои летово правеа хаос по летните сплавови. Дали белграѓанките во секој поглед рушат со својот сексапил, па како и да се облечени секогаш се наоѓаат на врвот по убавина во Европа е точно оставаме на вас да судите. Сепак, ние би заклучиле едно нешто: Тие и тоа како знаат добро да се облечат и притоа да го истакнат она што го поседуваат, било да се бујните гради, светлите очи, кадрвата коса или...

Волнена капа наместо деколте

Длабокото деколте, по кое што се познати Србинките овојпат е заменето со интересен моден додаток на главата и интересна шарена маица. Доколку летово барем еднаш сте посетиле некој Белградски сплав тогаш знаете што збориме кога станува збор за деколтеата и кратките маички...

Финтата е во тетоважите



Е тука веќе го имаме деколтето, кое сепак е ставено во втор план на тетоважата која пак интересно се наоѓа над самата веѓа. Потоа имаме уште некоја тетоважа, на левата рака и под вратот... Тетоважите не излегле очигледно од мода бидејќи тие се почесто се наоѓаат на телата на младите луѓе ширум светот. Доколку прошетате низ Западна Европа тогаш ќе се изненадите колку многу има тетовирани девојки низ градовите...

Пирсот како моден додаток



Кога сме кај тетоважите, не можеме да ги избегнеме и пирсовите, кои очигледно повторно се наоѓаат на модната карта на додатоци кои оваа сезона ќе се најдат на телата на девојките. Оваа девојка покажа дека има ставено пирс на јазикот.

„Спортски“ штикли



Вакво нешто сигурно не би нашле кај нас, но во Белград девојките ги обожаваат популарните спортски брендови. Кој би рекол дека Nike ќе произведува и шизички штикли.

Кожата повторно е во мода



Да, кожените црни кратки здолништа, но и сексапилните кожени блузички се и тоа како ИН во Белград.

Впечатлив моден додаток во силна боја



Иако прво нешто во очи повторно ќе ви падне длабокото деколте, сепак зеленото големо ланче околу вратот на оваа девојка едноставно воодушевува. Тука секако би ги занемариле цртаните веѓи...

Ретро стил



Ретро стилот на голема врата се враќа во мода. Интересната црвена коса, силниот црвен кармин и забележителните очила веднаш ја истакнуваат оваа шармантна девојка.

Секси џинс маичка



Кога сме кај ретро моментот, оваа девојка тотално ја погодила темата. Зеланата ретро џинс маичка и тоа како ја истакнува во ноќниот клуб, а нејзините сини очи само го дополнуваат шармот.

Кожена јакна и убаво деколте



Деколтето не може очигледно да го избегнеме кога станува збор за белграѓанките. Сепак, силниот црен кармин и кратката кожена јакна го прават целиот момент.

Проѕирна фенси кошула и црно здолниште



Комбинација која често можеме да ја видиме како ја носат селебрити фаците ширум светот. Кога на ова ќе се додаде кадравата коса и оваа прекрасна насмевка, тогаш станува збор за полн погодок.

Сега оставаме на вас самите да заклучите каде навечер има позгодни и поубави девојки, во Скопје или пак во Белград. Доколку имате некоја интересна фотографија слободно споделете ја на нашата фан страна.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби