Годинешната amfAR LA Inspiration Gala овој пат во чест на дизајнерот Том Форд, донесе многу голотија на црвениот тепих.
Најозборуваните дами на вечерта несомнено се Мајли Сајрус, Ријана и Алесандра Амбросио. Додека Сајрус и Ријана одеа на екстремна варијанта на сè или ништо, Алесандра поентираше со поелегантен, но провокативен стил.
Како Мајли, така и РиРи парадираа со своите разголени деколтеа кои не останаа незабележани.
Сосема очекувано, Ријана го претвори својот бел Tom Ford фустан во кич креација комбинирајќи го со сосема погрешни сандали и црни чорапи до колена, па наместо супер секси остави евтино фатален впечаток.
Секогаш елегантната Амбросио, овој пат без гаќички. Супер моделот на Victoria’s Secret се појави во елегантна полупроѕирна тоалета во која изгледаше и повеќе од совршено. Одличен фустан за гламурозниот црвен тепих.