Овенот брз, скорпијата опседната, јарецот потчинет

Претставниците на секој хороскопски знак имаат одредени карактеристики кои ги прикажуваат на работното место. Па така, бикот е упорен, но бавен, близнаците се брзи и снаодливи, девицата претерано внимателна, додека јарецот прави сè по прописи.

Се разбира, тука станува збор за типичните претставници на хороскопските знаци, не земајќи ги притоа во предвид останатите хороскопски фактори, како што се подзнак, Месечина и останати астролошки полиња, кои и тоа како влијаат на личноста.

Овен



Вие умеете војнички да запнете на работа, но не и да го довршите започнатото, само затоа што ви е тоа најдосадниот дел од работата. Бројните грешки ви се провлекуваат воглавно заради брзината. Сакате да совладувате, па често имате проблеми со својот шеф. Иако сте секогаш подготвени да им помагате на колегите, заради вашата вродена ароганција можете да го нарушите односот со нив. Водите сметка другите да не ја злоупотребат вашата наивност и ентузијазам, а останатите нека внимаваат бидејќи заради вашите амбиции знаете и да газите преку лешови.

Бик



Вие сте многу вреден работник, кој е упорен и секогаш оди до крај. Додека вашите надредени, од една страна ја ценат вашата упорна и тивка работа, од друга страна ги излудува вашата бавност заради темелноста и одбивањето да ги признаете сопствените грешки. Често знаете да се инаетите со своите работодавци. Вие како да обожавате да работите на најдосадниот можен начин. Кога ќе сфатите дека за вашата работа не сте наградени на соодветниот начин, што вам секако ви е најважно, се откажувате од работата под услов да имате обезбедено друга алтернатива или, пак, станувате најголема мрза. Пргавоста и цикличното нерасположение исто така знаат да бидат ваш „придонес“ на работната атмосфера. Разведрете се малку!

Близнаци



Сите на работа ја ценат вашата подготвеност и брзина, но тоа често не е случај и со вашата одговорност и прецизност. Не ги почитувате зададените временски рокови, па со тоа ги иритирате надредените, кои на тој начин умеете лукаво да ги изиграте. И вашите соработници често знаат да се изгорат заради вашето неблагодарно однесување и дволичен став. Сепак, со вашата специфична смисла за хумор и отвореност, внесувате ведрина во работната атмосфера, па многумина го посакуваат вашето присуство кога сте отсутни. Кога некој ќе ви помогне во работата или во напредокот во кариерата, тоа умеете да го помните и да го цените.

Рак



Постојаната работа ви е потребна заради чувството на сигурност. Сепак, склони сте на промени на работното место или компанија, бидејќи не толерирате ниту една форма на злоупотреба. Проблемот е во тоа што околината ја доживувате како дел од себе, па лесно умеете емотивно да се потресете. Дисциплинирани сте, а работата често ја сфаќате пресериозно. Кон шефот сте понекогаш премногу попустливи, како заради стравот, така и заради почит кон авторитетот. Колегите ги сакаат вашиот заштитнички став и вашата смиреност, но во умерени дози. Бидете малку поотворени!

Лав



Работата која ви нуди возбуда ве стимулира да работите и никогаш не ги оставате работите недовршени. Вашите колеги ја ценат вашата енергија, па затоа може да ви простат кога сте тврдоглави и вообразени. Кога сакате да постигнете одредена цел кај шефот, како на пример зголемување на платата или унапредување, добро го користите тонот на вашиот моќен глас, но тоа не секогаш успева, па може да се случи да паднете во немилост. Запомнете, некои шефови едноставно не се љубители на драмите, а колку побрзо го сфатите тоа толку подобро ќе функционирате.

Девица



Претерано сте сериозни кон секој аспект од работата, освен кога токму тоа се очекува од вас. Внимателно и совесно ги работите вашите задачи, но заради вашите одредени мани тоа може да остане незабележано. Кон надредените не знаете да се поставите на вистинскиот начин, заради што може да бидете искористувани. Колегите секогаш ја гледаат вашата зајадливост и педантност, а тоа ги кочи и блокира. Немојте да бидете толку уверени дека со постојаното приговарање ќе успеете да ги поттикнете соработниците на поголема посветеност во извршувањето на нивните работни обврски.

Вага



Одлично ги извршувате работите кои бараат внимателно согледување на проблемот од сите аспекти, бидејќи имате одлична способност да ги проценувате луѓето и ситуациите. Со вашата слаткоречивост и пријатно однесување кон надредените, вешто ја прикривате вродената мрзеливост. Сепак, во вашата работна средина внесувате мир и разбирање, правејќи ја многу попријатна за сите.

Скорпија



Кога ќе се нафатите на некоја задача, толку се опседнувате со неа што или вие ќе ја завршите или таа ќе ве „среди“ вас. Доколку се најдете во позиција да ви биде нанесена неправда од страна на шефот, нема отворено да му се спротиставите, туку ќе му враќате долготрајно и суптилно. Страстите често ви ги попречуваат разумните реакции. Кон соработниците воглавно се однесувате коректно, сè додека некој со своите постапки не ја предизвика вашата зајадливост и одмаздољубивост. А за тоа некогаш доволна е само ситница.

Стрелец



Вработениот стрелец со ненадминлив ентузијазам успева да ги совлада и најтешките работни задачи, секако, доколку се доволно интригнатни бидејќи неговиот истражувачки ум сака предизвици. Иако со шефот генерално добро се согласувате, заради вашата неодговорност, немарност и површност понекогаш се доведувате до судири. Но, доколку се потрудите да бидете малку подисциплинирани, вие ќе бидете многу пријатен соработник. Со оглед на вашиот придонес за поопуштена и поведра работна атмосфера, колегите не можат да ви приговараат за ништо.

Јарец



Вашата точност и одговорност често знаат да бидат и предмет на исмејување. Ги почитувате правилата и сите останати ограничувања до крај. Здодевните работни задачи воошто не ви пречат. Вложувате голем напор за да завршите сè онака како што треба. Хиерархијата строго ја почитувате, не сакате да му противречите на шефот и сте навистина послушни, што во краен случај во очите на другите се доведувате во улога на типичен полтрон. Колегите ве доживуваат како воздржан и ненаметлив соработник, за да дури откога ќе ги престигнете, сфатат колку згрешиле во проценката.

Водолија



На работа најчесто премногу сте напнати, но знаете многу брзо да се доведете и до другата крајност – претерано опуштени. Тоа се должи на фактот што едноставно не сакате да извршувате рутински задачи. Работната дисциплина ви е непознат поим бидејќи не можете да ја пронајдете нејзината смисла. Со вашиот бунтовен став и отсуство на почит кон авторитетите, може да имате чести проблеми, но не ги преминувате границите кои можат да ви донесат страв и загрозеност. Но, вие не знаете за себичност, секогаш се грижите за колективноста и сте одличен тимски играч.

Риби



На работното место не се вложувате премногу, освен доколку не се занимавате со уметноста, каде сте воглавно ненадминливи. Умеете долго да се инаетите и да ги помните ситуациите кога сте биле искористени или повредени, бидејќи односите со колегите ги доживувате премногу лично. Многу сте сочувствителни и не се двоумите да се жртвувате за колегите на кои им е потребна вашата помош. Иако делувате на некој кој е подготвен за големи предизвици, тоа често знае да биде само маска под која многу добро знаете да блефирате пред оние кои сакате да ги восхитите. Често знаете да им „дишете во врат“ на надредените, на кои секогаш сте им на располагање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби