Најчесто, но најделикатно парче облека

Стоп! Пред да ги облечете фармерките „соблечете“ ги овие заблуди

Постојат многу заблуди кога се во прашање фармерките. Некои сме ги чуле толку многу пати, што некако ни се врежале во главата. Еве ги најголемите од нив.



Заблуда: „Skinny jeans“ се за слаби луѓе

Skinny jeans им прилегаат речиси на сите, затоа што визуелно ги издолжуваат нозете, па затоа и погрешно е да се верува дека се соодветни само за слабите жени.

Жените со облини секако треба да ги избегнуваат широките кроеви на фармерки, кои визуелно ги прават уште пошироки и им ги кратат нозете.

Треба да имате во предвид дека нијансата на Skinny jeans е многу важна при изборот. Ако имате облини, подобро ќе ви одговара темна боја на фармерки, а оние многу бледите сепак најдобро им прилегаат на витките жени.



Заблуда: Фармерките треба да се перат после неколу носења

Џинсот е материјал кој е осмислен да трае и да биде издржлив. Вистина дека фармерките после секое перење ќе бидат чисти, но тие на тој начин стануваат сè послаби и побледи.

За да го продолжите нивниот век на траење, не ги перете постојано, барем не после само 2-3 носења. Секако, кога се нечисти и имаат попримено непријатен мирис, не ви преостанува ништо друго освен да ги ставите во машина за перење алишта.



Заблуда: Фармерките трапез одлично одговараат со балетанки

Целосно погрешно!

Фармерките трапез одговараат со високи потпетици. Правилото кога носите високи потпетици гласи дека фармерките треба лесно да го допираат подот.

Фармерките со широк крој во комбинација со ниски обувки, визуелно ќе ви ги скусат нозете, што не изгледа убаво. Освен ако имате нозе како Тејлор Свифт.



Заблуда: Ако ве собераат, купете ги

Фармерките се едни од најделикатните парчиња облека. Не треба да ги купите само затоа што можете да влезете во нив, туку ако притоа и ви стојат убаво.

Водете сметка за тоа како ви изгледа задникот во нив, дали се преплитки, дали ви одговара кројот со џебови или без нив, но и какви џебови најдобро ви стојат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби