Зошто ја изневерив?

За жал многумина од нас биле изневерени, изневеруваат или се нашле во некој вид триаголник. Сите ќе се согласиме со тоа дека овие чувства се најлоши, а последиците се многу болни. Целото искуство е тешко да се заборави години подоцна. По одредена анализа зошто некој изневерува, а зошто не, ви претставуваме искрени одговори од мажи кои проговорија за своето однесување.



Најчудна работа е што моите прељуби немаа врска со мојата девојка

Јас сум човек, кој неколку пати ја изневерил девојката со која се уште сум во врска. Дури и по толку многу поминати афери, сексот ни беше многу добар, но првите неколку пати се чувствував многу чудно. Ме мачеше грижа на совест и цело време размислував „ах, само да знае кај сум бил минатата вечер“. Но, со тек на време сексот ни стануваше се подобар и подобар, па чудно е што мојот избор за прељуба немаше никаква поврзаност со мојата девојка. Едноставно бев себичен, па сакав да излегувам и да се забавувам со уште некоја друга. Самодовербата се зголемува уште повеќе кога ќе се уверите дека сте со друга девојка во кревет, а егото ве дига до небо. По вечерата со љубовницата, се враќав кај девојка ми полн со енергија и самодоверба, па тогаш го имавме најдобриот секс!

Никогаш нема да можам да се оттргнам од празнината предизвикана од негрижа на совест

Најмногу ме мамеше фактот дека освен мојата девојка има уште некој кој сака да дојде и да спие со мене. Веројатно повеќето луѓе имаат морален компас кој ги оттргнува од тоа задоволство, но јас сум г**но кое не можеше да одолее. Откако изневерував, би сакал да кажам дека толку филмски ме печеше совеста што не можев да ја погледнам партнерката во очи, но реалниот живот е многу лош и гаден (или јас сум како личност многу лош) и прељубата кај мене предизвикуваше експлозија од страсти, што се завршуваше со фантастичен секс со девојка ми. Знам дека звучам одвратно, но сакавте искрен одговор. Иако сум искрен кон вас, никогаш нема да се оттргнам од тоа чувство на празнина предизвикано од немање грижа на совест, што пак е некој себичен начин на грижа на совест.



Се чувствував како најголемо г**но на светот

Да бидам потполно искрен, изневерувањето е без врска. Кога ја изневерив својата девојка, немав ни поим зошто тоа го направив. Другата девојка беше привлечна, алкохолот малку ме удри во глава, сексот беше одличен, но кога се разбудив и се отрезнив следното утро, се чувствував како најголемото г**но на светот. По некое време раскинавме со девојка ми, иако таа на почеток ми ја прости прељубата. Разделбата целосно ме скрши, а емоционално ме скрши тоа што таа беше спремна се да ми прости. Се беше моја кривица и се уште се мразам себеси поради тоа.

Се разведовме и никогаш не сум бил посреќен

Првиот пат кога ја изневерив жена ми, се чувствував ужасно. Ме изеде грижата за совест. Но, тоа чувство брзо избледна и по неколку недели пак ја изневерував. Со тек на време сфатив дека е кретенски да бидеш сериски прељубник и дека нема смисла да бидеме во брак ако постојано ја изневерувам. Побарав развод, се разведовме и никогаш не сум бил посреќен. Не сум веќе прељубник!



Ме вознемирува фактот колку ја повредив и се плашам дека тоа никогаш нема да помине

По изневерувањето, повеќето пати кога водевме љубов настојував да го игнорирам чувството на грижа на совест и максимално да и угодувам, но во главно се чувствував празно. Сексот беше добар, но емоционалниот дел поради кој сексот со неа беше нешто најдобро што можам да си замислам, патеше поради изневерувањето. Одлучив се да и признаам и оттогаш се мразам себеси. Толку многу ме јадеше тоа што во некои моменти размислував и за самоубиство, но мојот ум сфати дека едноставно не можам тоа да им го направам на луѓето кои ги сакам. Моментално се уште сме заедно и се трудиме да ги подобриме работите, но ме вознемирува фактот колку ја повредив и се плашам дека тоа никогаш нема да помине.

Сексот со девојка ми стана целосно празен

Еднаш ме изгреба со клучот толку силно, што ми ја пресече кожата. И се затоа што додека се качуваше по скали ја фатив за задник, иако го мразеше тоа. Добив што си заслужив, но овие ситници се одличен показател за нашата врска. Бевме некако злобни еден кон друг без некоја посебна причина, иако тие испади беа само ситница. Како на пример кога таа со мојата четка за заби си ги чистеше чевлите. Сите тие работи завршуваа со изневерувања и тоа со три различни жени. Спиев со секоја од нив, иако се чувствував празно и знаев дека не сакам со нив да бидам во врска. Сексот со девојка ми стана празен. Вистината е дека ни пред тоа не ни беше сјаен, но беше многу подобар по изневерувањето. Иако сексот го немаше оној „wow“ ефект, го сакав сексот со неа, но емоционално немаше ништо. На крајот раскинавме бидејќи тоа беше најдобро и за неа и за мене. На почетокот беше прилично потресена, но сега е многу среќна, а и јас сум среќен за неа. Продолжив понатаму. Запознав прекрасна жена со која сум во брак 7 години и ниеднаш не сум ја изневерил.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби