Дали сте жртва на деструктивна врска?

Емоционалната и психолошката злоупотреба во една врска може да влијае мошне негативно врз вашето однесување, самопочитување и врските во кои што понатаму ќе се впуштите. За жал малкумина ги забележуваат раните знаци на една деструктивна врска, а кога веќе ќе сфатат што се случува се чувствуваат немоќни за да ја прекинат.

Психологот Гали Салтз ги открива 5-те нешта со кои се карактеризираат проблематичните врски и што е она на што треба да внимавате.

Проблеми со љубомора

-Партнерот ве отстранува од семејството и пријателите така што создава дистанца базирана на љубомора. Не му се допаѓа времето кое го поминувате со нив и ве повлекува во средина каде ќе бидете само вие двајца. Постојано сака да знае каде сте и со кого и се лути кога не сте достапни за него.

Неодреден однос

-Ви кажуваат лоши нешта или ве критикуваат, го коментираат начинот на кој се облекувате или тоа што го кажувате. Откако ќе ве повредат, се извинуваат и ви велат дека не можат без вас.

Сè води кон караница

-Во обид да ве контролираат, секогаш се расправаат со вас кога имате различно мислење. Поентата е да ве натераат да не им противречите и да го правите она што ќе ви го наложат.

Се плашите од нив

-Првиот и најочигледниот знак на деструктивната врска е очекувањето дека партнерот може да збесне во секоја ситуација и тоа без никаква причина. Тој мора да биде во центарот на вашето внимание, а вие да се чувствувате дека сте тука само за да го задоволите него.

Тие ви се единствен приоритет

-Тешко е да си дојдете на себе си еднаш кога веќе ќе се загубите. Но, морам да запаметите дека оној што навистина ве сака никогаш нема да ве натера да ги ставите неговите интереси, пред вашите.

Доколку се препознаете во дел или пак во сите 5 горенаведени точки, сега е вистинското време да размислите врз што се базира вашиот однос со партнерот. Поработете на својата самодоверба и ослободете се од стегите кои ви се наметнуваат. Иако тоа не е воопшто лесно, а разделбите се мошне болни, треба да бидете потполно свесни дека заслужувате далеку подобро и дека никој нема да ви го овозможи тоа доколку самите не се изборите да го добиете. Во спротивно ризикувате да останете во деструктивна врска во која освен тоа што ќе се чувствувате лошо никогаш нема да ги доживеете убавите моменти кои ги носи животот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби