Како да излезете на крај со проблематични луѓе?

Сакале или не, некои личности со брзина на светлина може да не извадат од контрола и покрај тоа што вообичаено не се однесуваме така. На крајот тие остануваат смирени и задоволни, а ние сме наполнети со нивната негативна енергија и не знаеме како да се справиме со сиот тој бес.

Она што треба да го знаете во овие ситуации е дека најпрвин треба да се потрудите да останете смирени. Доколку е возможно целосно дистанцирајте се од личноста. Ако поради било која причина мора да бидете во постојан контакт со неа, избегнувајте теми кои би можеле да предизвикаат нервоза, поставете јасно одредени граници и не дозволувајте да ве повлече онаму каде што ќе бидете лесно ранливи.

Насилен тип

Знаци кои го одаваат: силно и експлозивно спротивставување, цинизам, недоверливост и нељубезност.

Како да се поставите: спротивставете му се директно. Сепак, останете присебни и не правете го тоа некаде во јавност, со цел да ги избегнете сцените. Објаснете му што не ви се доаѓа и што немате намера да толерирате на смирен и мирољубив начин.

Пасивно-агресивен тип

Знаци кои го одаваат: агресијата е прикриена и личноста ги саботира вашите идеи и проекти. Користи сарказам или пак решава свесно да го игнорира тоа што му го зборувате.

Како да се поставите: продолжете да го правите она што го правите и игнорирајте ги коментарите и сплетките кои што ги прави. Ако директно ве нападне дадете му на знаење дека не може да налути.

Невротичен тип

Знаци кои го одаваат: песимизам, негативност, постојана тенденција за расправање

Како да се поставите: не обидувајте се да им го смените мислењето бидејќи нема да ви успее. Наместо тоа дистанцирајте се и секој пат кога ќе ве нападнат со своите негативни мисли, речете им дека вашето искуство е поинакво.

Егоистичен тип

Знаци кои го одаваат: личните интереси се најважни. Сè сфаќа лично и не е во состојба да направи компромис. Инсистира дека секогаш е во право.

Како да се поставите: уште на почетокот знаете со кого си имате работа, па затоа најдобро е да не воспоставувате поинтимни односи.

Пречувствителен тип

Знаци кои го одаваат: постојано живее во страв дека другите не го сакаат. Толку е опседнат со таа помисла што веднаш може да ве откачи мислејќи дека вие ќе го направите тоа место него.

Како да се поставите: држете го својот став и не им се оправдувајте. Во спротивно ризикувате да ве повлечат во маѓепсан круг кога ќе се чувствувате виновни за нешта кои што не сте ги направиле.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби