Мода на работното место: Што да облечам?

Облеката не го прави човекот, но сакале или не, има големо влијание врз тоа како нè перципираат луѓето околу нас, а особено нашите соработници на работното место. Понекогаш она што го носиме остава впечаток на самоувереност и позитивна енергија, а во други случаи испраќа порака дека сме мрзелив тип кој не е дораснат за нови работни предизвици.

Изгледаш како да не се вклопуваш

Ова може да биде нож со две острици. Некогаш тоа е добро, а во други случаи премногу боде очи. Погледнете ги луѓето околу вас како се облекуваат, дали негуваат класичен стил на облекување или пак повеќе се дотеруваат. Обидете се во својата гардероба да вметнете неколку слични парчиња облека кои ќе испратат потсвесна порака до колегите дека и вие сте дел од групата.

Без свој стил

Целосното копирање на другите луѓе ќе ви помогне да се вклопите, но од друга страна ќе го задуши вашиот личен стил. Секогаш ви е потребно нешто што ќе отскокнува од другите, но на добар начин. Деталите се одличен начин како да го привлечете вниманието, а во исто време да не отскокнувате премногу. Освен тоа потрудете се облеката секогаш да ви биде чиста и испеглана. Оставете впечаток дека се грижите за себе.

Бидете претставителен тип

Замислете дека вашиот шеф треба да ве испрати некаде, а вие изгледате како да ве исфрлила вода на брегот. Малку непријатно нели? Доколку сакате да напредувате во кариерата треба да бидете свесни дека колку повеќе се искачувате кон врвот, толку повеќе луѓето стануваат свесни за вас и вашето присуство. Затоа изгледајте најдобро што можете. Никогаш не се знае каква можност носи новиот ден.

Од крајност во крајност

Една од најчестите грешки кои ги правиме трудејќи се да се вклопиме со својот изглед во работната околина е кога одиме од крајност во крајност. Носиме облека која е чувствуваме стегнато, збунето и чудно или пак сме во некоја лежерна варијанта која воопшто не му одговара нашето работно место. Најдобрата верзија и во овој случај е златната средина во која ќе бидете опуштени, но и доволно средени за да изгледаме претставително.

Облечени според возраста

Не се трудете да ги сокриете годините, туку изградете го својот уникатен стил околу нив. Доколку одавате впечаток дека сте премногу млади соработниците нема да ви ги доверуваат поголемите задачи бидејќи ќе мислат дека немате доволно искуство. Од друга страна пак ако изгледате постаро од тоа што сте ќе ве перципираат како личност која тешко се прилагодува на промени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби