Доколку не можете да дочекате да го положите телото во хоризонтала, а главата да ја потпрете на меката перница, не сте единствени. Што е уште пострашно, загрижувачки голем број од жените наместо нежни допири со партнерот, повеќе мечтаат за квалитетен и закрепнувачки сон.
Живееме во стресно секојдневие кое вклучува прекувремени часови на работа, долга листа на домашни обврски, семејни и социјални активности и тн. Затоа, не е ни за чудење фактот што 58 проценти од жените спијат по помалку од препорачаните 8 часа во текот на ноќта, заради што тие тврдат дека им недостасува одмор.
Новата американска студија спроведена врз 1000 возрасни жени на возраст над 18 години, покажува дека дури 65 проценти од жените попрво би избрале спиење отколку секс. Од претходните истражувања познато е дека недостатокот на сон се поврзува со почести расправии помеѓу партнерите, што неминовно води кон загуба на сексуалната желба, па затоа овие податоци не се изненадувачки.