Ниту една жена не треба да се плаши од ова!

Нееднаквоста помеѓу половите и понатаму е многу изразена ширум светот. И покрај модерната ера во која живееме и квази изедначеноста помеѓу половите, жените и понатаму чувствуваат одредени непријатности и страв. Но, она на што има право секоја жена се минимум следниве 10 работи. Престанете да стравувате околу нив!



Вашата сексуалност

Никогаш не би требало да чувствувате вина заради начинот на кој ја изразувате вашата сексуалност. Доколку правите нешто што сакате да го правите, прифатете се себе си. Доколку нешто не сакате, немојте да го правите. Вашето тело е ваш избор, сè додека со тоа што го правите не им наштетувате на другите.

Дали сакате деца

Не сите жени сакаат деца. Доколку сте и вие меѓу нив, знајте дека не сте единствени. Можете и да се предомислите, а можете и да се задржите на вашата одлука. Како и да е, таа одлука во секој случај е ваша. Не треба да се плашите да бидете отворени и искрени за иднината која сакате да ја имате. Имате само еден живот и треба да го живеете по ваши правила и мерила, а не по мерилата на другите.

Промените на телото

Како што стареете, вашето тело се менува и тоа е сосема нормално. Најважно е да се чувствувате добро и да бидете здрави. Немојте да се борите против неизбежните физички промени, бидејќи на тој начин нема да постигнете ништо. Сакајте се себе си.

Повторен почеток

Понекогаш мора да се откажете од вашите соништа и да почнете од почеток. На секого му се случува да се врати на почеток. Важно е само да тргнете.



Прекинување на односите со негативни луѓе

Никогаш не е лесно да се прекинат односите со луѓето, особено доколку ве прават несреќни. Но, со луѓето кои не се добри за вас не треба да одржувате интензивни односи. Животот е тежок сам по себе за да би трпеле уште и луѓе кои дополнително ви го расипуваат секојдневието.

Самотија

Многу жени се плашат да останат сами, сметајќи дека им е потребен маж за да ги задоволат општествените правила и очекувања. Но, не треба да се плашите од самотијата доколку истата не подразбира осаменост. Времето кое го поминувате со себе е незаменливо. Сакајте се себе си, сонувајте и остварувајте ги вашите соништа. Не ви е неопходен никој за да се чувствувате целосно и исполнето.

Изразување на својот став

Во историјата жените најчесто мислењето го задржувале за себе и се воздржувале да го изнесат. Некои дури и денес се плашат да се изразат од различни причини. Луѓето кои ќе ве отфрлат заради силниот став кој го имате за некое прашање не треба воопшто ни да бидат во кругот на луѓе кои ви се блиски. Постои убав начин на изразување на својот став, па затоа никогаш немојте да преќутувате доколку можете да се изразите соодветно.



Избор помеѓу семејството и кариерата

Многу жени успеваат да балансираат помеѓу семејството и кариерата и тоа навистина им оди од рака. Успеваат да завршат сè на работа, да бидат добри мајки, но и добри сопруги. Затоа, ниту една жена не треба да се откаже од кариерата заради семејството, ниту пак да се одлучи за професијата „домаќинка“ со цел да не го запостави семејството. Оној кој сака може да постигне сè.

Како ќе влијае вашиот изглед врз однесувањето на луѓето околу вас

Не се оптоварувајте со мислењето кое другите го имаат за вас. Сами одлучете за тоа како сакате да се облекувате и да се средувате, наместо да се облекувате за другите за да им ги задоволувате нивните критериуми или, пак, да им се додворувате. Ставете кармин ако сакате, ако не немојте. Едноставно е. Бидете свои.

Средина во која доминираат мажи

Сè повеќе жени почнуваат да работат на работни места кои порано биле типични само за мажите. Жените се способни колку и мажите и заслужуваат почит и признание. Не треба да се плашите бидејќи не вредите ништо помалку од другите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби