Дали модата се врати во времето или музичките ѕвезди повеќе немаат идеја што да облечат?
Црвениот тепих на Американските музички награди оваа година не ги исполни очекувањата. Наместо нови и свежи изгледи видовме многу копии од минатите години како и очајни обиди за привлекување внимание.
Постарите се разголија, а помладите покажаа помалку кожа.
Латино дивата, Џенифер Лопез (45) се појави во модел од пролетната колекција на Reem Acra. Таа избра фустан со необичен крој во боја на кожа, кој ги истакна нејзините облини. Од друга страна младата Селена Гомез (22) засени во елегантната црна креација со гол грб од Giorgio Armani Prive.
Едно од најголемите промашувања на вечерта беше Блеона Черети, позната уште и како албанската Мадона, која не остави речиси ништо на фантазијата и парадираше на црвениот тепих во фустан од кристали под кој јасно се гледаше црната танга. Оние кои ги следат наградите веднаш ја споредија со Роуз Мекгоун од 1998-ма која носеше нешто слично на VMA.