Бразилските божици главни на модната писта во Лондон

Кога на едно место ќе се соберат најубавите жени на светот и тоа во долна облека едноставно знаете дека следи вистински спектакл.

Victoria’s Secret ги надмина очекувањата и приреди шоу за паметење на кое освен во преубавите ангели можеше да се ужива и во настапите на Тејлор Свифт, Аријана Гранде и Ед Ширан.

Бразилското дуо, Амбросио- Лима, ја затресе модната писта со својата појава. Алесандра и Адријана ги носеа Dream Angels Fantasy градниците во вредност од 2 милиони долари кои се изработени од Mouawad и содржат 16 илјади рубини, дијаманти и сафири заедно поврзани со 18 каратно злато.

-Оваа година е навистина возбудливо бидејќи имаме два Fantasy градници во шоуто. Чест ми е што сум тука со Алесандра и што една покрај друга ќе чекориме на пистата, изјави Лима непосредно пред ревијата.

Вечерта ја одбележа и појавувањето на Доузен Крос. Таа самоуверено зачекори во долна облека само 5 месеци по породувањето и покажа дека ангелите навистина се супер жени кои преку ноќ се враќаат во форма.

Нивниот строг режим на исхрана, напорниот тренинг и дополнителните активности како бокс, балет и танцување резултираа со беспрекорно стегнати тела и рамни половини.

Најпопуларната модна ревија на светот оваа година по втор пат беше одржана надвор од границите на САД. По Кан, ангелите успешно „слетаа“ во Лондон и одлично се забавуваа на модната писта, но и на забавите кои што следеа по завршувањето на шоуто.

Ако на пистата блескаа во долна облека, на розовиот тепих ангелите ја покажаа својата гламурозна страна. Иако речиси сите беа облечени во монохроматски бои, секоја од нив ја покажа уникатноста на свој начин.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби