„Crystall ball“ на Кадриу олицетворение на женската спротивност

На прв поглед моќна и недопирлива, а во суштина топла и мошне женствена, „Crystal Ball“ колекцијата на модната куќа „МCouture“ ги спојува спротивностите создавајќи модели пред кои никој не може да остане рамнодушен.

- Новата колекција се карактеризира пред сè со умешно комбинирани материјали и кроеви, различни конструктивни решенија, колорит кој се слева и самиот диктира поделба на колекцијата на три подколекции. Се задржав на класичните форми, должини на силуетата, класичен крој на панталони надополнети со дезени од самиот материјал, комбинезони, палта изработени од специфични материјали, коктел фустани и за крај венчаница која отскокнува од типот на класични венчаници и е дизајнерски концепт на една модернистичка венчаница со класични елементи, објаснува Мила Кадриу.

Честа да го носи невестинскиот фустан овој пат и припадна на пејачката Тамара Тодевска која одлично се вклопи во зимската бајка која беше претставена на сцената.

„Crystal Ball“ колекцијата е составена од 22 модни креации, а инспирацијата за истата доаѓа од спротивноста која што секоја жена помалку или повеќе ја носи во себе. Од една страна самоуверена и строга, а од друга нежна и кршлива, дамата која ја претставува Кадриу е како кристална топка, истовремено недопирлива и полна со емоции.

-Сите ние имаме по една кристална топка дома, од некое патување или пак купена за да не асоцира токму на снежниот период. Сакав малку поинакво прикажување на парчиња облека кои се наменети токму за претстојниот месец кој е полн со забава, празници веселби. Ме инспирираат нешта од секојдневието, нешта кои можам пред се да ги почувствувам или допрам. Голема инспирација ми се и луѓето кои доаѓаат секојдневно во моето ателје, нивните карактери и позитивната енергија која ја шират -мојот успех им го должам ним, додава познатата дизајнерка.

Фото: Ани и Дими



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби