Најголемите несигурности на мажите

За разлика од жените, мажите не сакаат многу да размислуваат за себе и да се анализираат, а уште помалку, пак, да разговараат со некого за своите несигурности. Тогаш да видиме кои се нивните најголеми проблеми и стравови, за кои секако нема да слушнеме од самите нив.



Сексуални перформанси

Нивниот најголем страв во сексот е прашањето дали се доволно издржливи. Истражувањето во Ново Мексико неодамна потврдило дека просечниот маж го доживува врвот на сексуално задоволство после седум минути. Исто така, утврдено е дека за „прекраток“ секс се смета оној кој трае од 1 до 2 минути, „вообичаениот“ трае од 3 до 7 минути, а „посакуваниот“ сексуален однос се одвива од 7 до 13 минути. Сексологот Хари Фиш вели дека на жените потребни им се 7 минути за да доживеат оргазам.

Бред Пит

За разлика од другите прашања, сè повеќе мажи се подготвени да разговараат за своето тело. 63% од мажите сметаат дека би можеле малку да ослабат, 53% не сакаат да се сликаат без облека, а 41% се грижат за тоа што мислат другите за нивниот изглед.

Како што на на жените генерално неостварен сон им е фигурата на куклата Барби, така на современиот маж за идол им служи Бред Пит.

Сексуално искуство



Мажите се плашат да не имаат недоволно сексуално искуство, а покрај тоа ужасно ги плаши минатото на партнерката и тоа дали таа ќе го споредува со бившите љубовници.

Длабочина на џебот

Наспроти сè, традиционалниот патријархат и понатаму е длабоко вкоренет во нашата култура. Мажот е тој кој треба да се грижи и да го снабдува семејството со потребните средства, па затоа на ниту еден припадник на посилниот пол не му е пријатно доколку неговата поубава половина да заработува повеќе од него. Нејзиниот успех мажот го доживува како сопствен неуспех.

Вуди Ален синдром

Било да се работи за големината, обликот или изгледот, машкиот полов орган е најголемиот извор на несигурност (или самодоверба). Според статистиките, просечниот Американец има должина на пенисот од 14,2 сантиметри. Од друга страна, просечната длабочина на вагината е 10,1 сантиметар, заради што многу жени се жалат на повреди на грлото на матката заради преголемиот пенис на партнерот.



Изгледа дека мажите самите на себе си ја наметнуваат несигурноста заради големината на нивниот полов орган. Во секое истражување, во кое од жените се бара да одредат што ги привлекува кај спротивниот пол, воглавно на списокот се наоѓаат привлечноста, шармот, љубезноста, смислата за хумор и заедничките интереси. Првото место никогаш не го заземала должината на пенисот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби