Магнет за мажи: Женски особини на кои мажите не можат да им одолеат

Многу е тешко да дознаеме што мислат мажите, бидејќи секој поединечно има своја перспектива за животот и за тоа како работите би требало да се одвиваат. Но, кога станува збор за понежниот пол, одредени истражувања сепак покажуваат дека мажите повеќе ги привлекуваат одредени особини. Токму заради тие особини, жените кои ги поседуваат им се едноставно неодоливи на мажите. Еве за што се работи:



Пријателство

Повеќето мажи сакаат со својата партнерка да можат да разговараат буквално за сè – за најголемите проблеми и ситуации кои се чинат безизлезни и да добијат поддршка. Оваа особина им е неодолива од причина што знаат дека на тие жени можат безусловно да им веруваат.

Независност

Независната жена е прав магнет за мажите. Овде не станува збор за финансиската независност (иако немаат ништо ни против тоа), туку за жени кои знаат што сакаат во животот - жени кои имаат свои хобија и афинитети и кои не се лесно подводливи. Мажите секогаш им даваат предност на овие жени.



Опуштеност

Повеќето мажи имаат тенденција да реагираат лошо кога е во прашање притисокот. Тие не сакаат да бидат приморани да прават работи против своја волја. Повиците и СМС пораките на секој половина час секако се дел од работите кои не им се допаѓаат. Мажите сакаат нивните партнерки да се опуштени и да не ги присилуваат на било што.

Еднаквост

Факт е дека повеќето „нормални“ мажи ги почитуваат жените и веруваат во  еднаквоста и рамноправноста на половите. Повеќе не живееме во времето кога жените морале да бидат дома и да се грижат само за децата и за чистотата во домот. Жените кои се сигурни дека можат да им парираат на мажите во сè и дека се апсолутно рамноправни со нив, всушност се вистински магнети. Таквите жени им даваат на мажите до знаење дека се космополитски, образовани и дека не толерираат неправди.



Разумност

Мудрата жена им е слаба точка на повеќето мажи. Зошто? Затоа што е зрела, знае што сака и го кажува она што и’ е на ум. Покрај тоа, зрелоста ви помага во непријатните ситуации да се однесувате мирно и мудро, без претерано драматизирање. Мажите мразат драми. Ваквиот тип на жени реагираат кога ќе забележат лошо однесување и кажуваат што не им се допаѓа, бидејќи сакаат да ги променуваат работите на подобро.

Култура

Колку вам не ви се допаѓаат груби и прости мажи, толку и на мажите не им се допаѓаат жени без манири. Таквата жена е одбивна за речиси сите мажи. Жената која има манири и знае како да се однесува е привлечна и е пожелно друштво за секој маж, кој со неа ќе сака да се пофали пред другите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби