Модни трендови за 2015-та

На почетокот од новата 2015-та ви ги претставуваме модните трендови кои ќе бидат актуелни во претстојната година и модните парчиња кои треба да најдат место во вашиот плакар.

1. Различни обетки – добри вести за сите оние кои случајно останале само со една обетка бидејќи еден од трендовите за претстојната година е носењето на обетки кои се различни една од друга.

2. Враќање на It чантите - дизајнерските парчиња никогаш не излегуваат од мода, па во 2015-та брендираните чанти повторно ќе бидат хит помеѓу женската популација.

3. Антилоп – здолништа, капути дури и панталони. Антилопот е нешто што едноставно мора да се најде во вашиот плакар оваа година.

4. Чевли на платформа – без разлика дали станува збор за полна пета или пак на висока потпетица подигната во предниот дел, овие чевли се ин во 2015-та.

5. Карирана памучна ткаенина – розовите и сините бебешки бои се како создадени за овој материјал. Дури и оние кои во принцип не сакаат кариран дизајн ќе успеат да го пронајдат своето модно парче.

6. Опуштени линии – заборавете на строгиот крој и заменете го со подраматичен, слободен и разигран изглед.

7. Бела тантела – невино и секси во едно. Белата тантела привлекува на посебен начин и можеби затоа следната година ќе биде must have модно парче.

8. Фармерки – во 2015-та фармерките влегуваат на голема врата во модниот свет, но ако сакате да бидете навистина тренди обезбедете си неколку пара во темен тексас.

9. Гладијаторки – за летниот период тука се познатите гладијаторки кои во претстојната година доаѓаат во уште поинтересни бои и дизајни.

10. Ѕвонарки – популарни во 70-тите овие панталони повторно се враќаат на модната сцена уште пошик од претходно. Ако имате некој стар пар, сега е вистинското време да го извадите од нафталинот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби