Најголемите модни промашувања и триумфи за оваа година

Годинава што измина беше експериментална година со многу модни промашувања, но и вистински погодоци. Погледнете ја модата која ја одбележа 2014-та година.

1. Ријана во проѕирен фустан



Ријана се појави во креација на Адам Селман на модните Оскари во јуни. Иако е прекриена со Swarovski кристали, фустанот не сокри многу од нејзиното тело. Но, барем поставеноста на кристалите беше добро направена, па тие успеаа да и’ ја сокријат бикини зоната. Ова можеме да го сметаме за ПОГОДОК, заради храброста и завидното тело на палавата пејачка.

2. Кендал Џенер во бел комбинезон



Манекенката, попозната како сестра на Ким Кардашијан, се појави во едноделен и едноставен комбинезон, кој гласно говори за елеганцијата и софистифираноста. Вистински ПОГОДОК!

3. Храбрата и елегантна Лупита Нионго



Со улогата со која ја покажа уметноста на нејзината глума ги освои срцата на сите, а талентот дополнително го унапреди со добар стил. Таа за брзо стана фаворит на црвениот тепих. Ја видовме во сина креација на Prada на доделувањето на Оскарите, а на доделувањето на Златниот Глобус заблеска во фустан на Ralf Loren. ПОГОДОК!

4. Отмената Џенифер Лоренс



Младата оскаровка оваа година се најде на мета на хакерите кои ги објавија нејзините разголени фотографии, очигледно не дозволи тоа да влијае на неа. Позната по тоа што пропагира здрав изглед, наспроти трендот на анорексија во Холивуд, Џенифер Лоренс лесно ги освои срцата на фановите, како и на модните критичари. ПОГОДОК!

5. Ема Вотсон



Ѕвездата од серијалот Хари Потер, Ема Вотсон, високо котира на ранг листите на најдобро облечени жени во светот.

Нејзиниот стил се следи со години, од детските фустани до вистински секси тоалети, па со сигурност може да се каже дека Ема од година во година има сè подобар стил. ПОГОДОК!

6. Амбер Роуз во синџири



Во август се појави на VMA доделувањето на награди прекриена со синџири. Всушност тоа претставуваше фустан сочинет од синџири. Амбер скоро се разведе од раперот Виз Калифе, па сега и го заслужи местото на најлошо облечена. ПРОМАШУВАЊЕ!

7. Кејти Холмс во фламенко стил



Тотално ПРОМАШУВАЊЕ за ова жолто издание на Кејти Холмс, за кое е заслужна модната куќа Marchesа.

8. Лејди Гага прекриена со крзно



Кога Лејди Гага дојде во Roselend Balrum во март, едно прашање ги измачуваше сите – како успева да види каде оди? Гага е позната по ексцентричното облекување, почнувајќи од фустанот од месо, но Јети стилот од глава до пети ги остави сите во шок. Апсолутно ПРОМАШУВАЊЕ!

9. Хајди Клум



Прочуената убавица тотално потфрли на доделувањето на Американските музички награди во црн фустан со необични отвори и розева лента. Нејзиниот избор разочара многу модни критичари кои очекуваа многу повеќе од најпознатата манекенка. ПРОМАШУВАЊЕ.

10. Џулија Робертс



Харизматичната актерка на премиерата на филмот „А Normal Heart“ со овој стајлинг сосема потфрли, заради што ја прогласуваме за ПРОМАШУВАЊЕ. Во кратко бело здолниште кое едвај се наѕира под црниот блејзер, таа делува како да го облекла она што прво и дошло при рака.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби