Вистински приказни: Зошто жените изневеруваат?

Изневерувањата се подеднакво застапени и кај мажите и кај жените, но изгледа дека двата пола имаат различни причини за тоа. Откако ви прикажавме зошто мажите изневеруваат, ред е на причините кои ги натерале жените да го изневерат својот партнер. Ви претставуваме пет вистински приказни, од кои ќе извлечете поуки!



Барав утеха затоа што сопругот ме гушеше

Од денот кога се омажив за него знаев дека тоа е грешка. Беше пасивно-агресивен, сакаше да ме контролила и очекуваше дека ќе дадам отказ за да останам дома и да се грижам за децата и домаќинството. По првата година во брак, почнав да го изневерувам со еден колега. Не се лажев дека се работи за љубов, но тоа беше една ситуација која ми ги отвори очите – бев со некој кој правеше да се чувствувам добро, ми даваше самодоверба, ме смееше, ме почитуваше и не сакаше да ме претвори во некоја друга.Таа афера ми помогна да се пронајдам самата, да си ги откријам своите желби, ми даде сигурност и сакав да живеам без него. Да не се случеше, прашање е дали би имала храброст да побарам развод. Сега, по 25 години мажена сум за одличен маж, вели 50 годишната Елизабет.



Постојано се критикувавме еден со друг

Се омажив на мои 22 години, а по свадбата сѐ се смени. На почетокот не можевме да дочекаме да имаме семејство и да добиеме деца, но наеднаш веќе не се чувствував така. Се посветив на работата која ја сакав и децата веќе не се вклопуваа во таа слика. Тој беше повреден за тоа и почна да ме критикува. Тогаш почнаа караниците, а јас го критикував што тој мене ме критикува и така продолжувавме да се повредуваме еден со друг. Иако јас инсистирав за употреба на кондоми, една вечер го фатив како се труди да го скине. Сакаше да останам бремена. Тоа беше крајот на нашиот сексуален живот. Неодстатокот на интимност на крај доведе до прељуба, запознав маж на интернет и се гледав со него околу една година. Тоа заврши кога сопругот ме фати на дело, а во тој момент посакавме на бракот да му дадеме уште една шанса бидејќи љубовта не исчезна. Одевме на посебна брачна терапија и успеавме да си го спасиме бракот. Најважната лекција која ја научив е незадоволството од нашиот брак која беше негова кривица, искрено одговори 28 годишната Ванеса.



Ми беше досадно и бев несреќна

Со 35 години мојот живот изгледаше како сон – маж кој ме сака и две прекрасни деца, но всушност бев несреќна. Мојот маж беше добар човек, но со него ми беше неподносливо досадно. Постојано се чувствував како на сила да сакам да се вклопам, но не ми одеше како што треба. Токму таа година, заминав на пат од работа и го запознав Австралијанецот Боб во лифт. Почувствувавме моментална хемија и поврзаност, си ги разменивме броевите и останавме во контакт. Одлучив да одлетам до Австралија за да го видам, па се заљубив во него. Напуштив се – земјата, мажот, работата, родниот град и заминав за Австралија. Станав силна, независна и полна со самодоверба. Тоа беше пред 25 години, а денес јас и Боб сме во среќен брак, водиме сопствена винарија и таа прељуба беше пресвртница во мојот живот – најдобрата која ми се случила. Боб и јас имаме пет деца и десет внуци, а воопшто не ми е досадно, вели Барбара.



Мажот ми ме занемаруваше

Својот живот 10 години го поминав сама независна од мојот маж, бидејќи никогаш не беше во близина. Гари беше целосно окупиран со својата работа, а јас му бев само чиста формалност, па никогаш немаше енергија ни желба да биде со мене. Бев цеосно препуштена на фамилијата и им пружев сѐ, но во своето срце знаев дека не сакам така да живеам цел живот. Една ноќ, го сретнав Том, кој ми беше само познаник, а по неколку недели гледање – завршивме заедно. По неколку неделното изневерување, одлучив да го завршам мојот брак, а потоа јас и Том се венчавме. Неполн месец по свадбата, Том доживеа срцев удар и почина. Тоа што завршив со него дефинитивно е најдобрата и најлошата работа која ми се случила. Влезе во мојот живот и ја разбуди жената во мене. Ми покажа како секој момент е драгоцен, а со својата смрт ми го одзема тоа. Сепак, ми остана надежта дека тоа повторно ќе го доживеам, признава 49 годишната Барбара.



Тој мене прв ме изневери

Бевме во брак само една година, кога дознав за неговото неверство. Бев многу лута, повредена и ме убиваше помислата дека не сум му доволна. Се чувствував како да не сум доволно добра, способна и привлечна како жена, па тој морал да бара некоја друга. Целиот хаос на измешани чувства пресуди и самата да се впуштам во афера. Го изневерив, најпрво за да се осветам, но и за да си ја вратам самодоверббата. Сакав повторно да се чувствувам привлечно и посакувано. Откако мажот ми откри, неколку месеци живеевме разделени, а потоа одлучивме да побараме помош кај брачен советник за да си го спасиме бракот. По 14 години брак кој успеа да преживее, најголемата лекција која ја научив беше дека и двајцата сме си доволни за среќа, но добриот однос бара постојан труд и внимание, изјави 33 годишната Ларија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби