Изборот на маж кажува многу за вас

Секоја жена има свој тип на маж кој го смета за попривлечен од останатите и токму за таков тип се одлучува кога се работи за љубовна врска. И верувале или не, токму тој избор кажува многу повеќе за вас отколку што мислите.

Нарцисоиден тип



Карактеристики: Заљубен во себе, секогаш во центарот на вниманието, најгласен, со изразена потреба да шармира. Единствено кога ќе му кажеш во лице каков е тогаш се отвора неговата неубава страна – мора постојано да биде фален и онаа која е со него мора да ја прифаќа секоја негова критика.

Зошто го избираш?
Веројатно затоа што и самата си нарцисоидна. Знаеме дека звучи неубаво – но така е. Нарцисоидните луѓе често се привлекуваат меѓусебно, а еднаш кога ќе започнат врска, таа се претвора во еден натпревар кој ќе биде подобар, поубав и кој ќе добива поголемо внимание.

Емоционално недостапен тип



Карактеристики: Тој не е подготвен за врска, не сака да покажува чувства и никако не му се допаѓа планирањето иднина со тебе. Не можеш да го привлечеш до себе затоа што постојано е ладен.

Зошто го избираш?
Затоа што имаш чувство дека не заслужуваш подобро. Жените кои постојано се трудат да се изборат со овие мажи немаат доволно самодоверба да кажат „Заслужувам маж кој ќе ме обожава“.

Тип кој треба да се поправи



Карактеристики: Тој не е доволно добар за тебе, но кога ќе завршиш со него – ќе биде совршен. Кога ќе бидеш со него, ќе имаш чувство дека си започнала добротворен проект.

Зошто го избираш?
Имаш постојана потреба да поправиш нешто, да бидеш нечиј јунак и да докажеш дека си добра личност. Веројатно во твоето минато постои врска поради која си се чувствувала лошо и се трудиш да се искупиш за старите гревови.

Зафатен тип



Карактеристики: Има девојка или уште полошо има жена. Нема да бидеш со него во врска, затоа што е зафатен, а дури и ако за тебе ја остави другата, многу веројатно е дека ќе те откачи затоа што веќе не си му забранета.

Зошто го избираш?
Бидејќи немаш почит кон самата себе. Ако имаш образ да си во врска со некој кој веќе е во врска, покажуваш дека веќе немаш почит ни кон другите. Потајно се надеваш дека ќе ја остави својата девојка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби