Наталната карта крие многу нешта за вас

Наталната карта на вашето раѓање крие многу нешта за вашиот карактер, начинот на кој што комуницирате со другите луѓе, но и за тоа дали сте предодредени за брак.

Сите оние кои досега се обиделе да направат бесплатна натална карта на некој интернет сајт, најверојатно забележале дека кај некои од планетите пишува дека нивното движење е ретроградно.

Што значи тоа?

Една планета е во ретроградно движење кога изгледа дека се движи наназад од нашата перспектива тука на Земјата. За разлика од планетата која е во директно движење, енергијата на истата планета во ретроградно движење е поинаква и има поинакво значење во наталната карта.

За да дознаете дали имате планети со ретроградно движење во својата натална карта, најпрвин внесете ги потребните податоци на следниот линк, па потоа побарајте ги ретроградните планети на крајот од личниот профил.

Ретрограден Плутон

Кога Плутон се наоѓа во ретроградно движење имате тенденција да молчите кога имате големи проблеми, па од надвор изгледате храбро, додека од внатре ви се случува вистински бродолом. Се трудите да ги сокриете своите емоции со цел околината да не може да забележи колку сте повредени. Позитивната страна е во тоа што имате способност за трансформација и прилагодување, далеку подобра од другите луѓе.

Ретрограден Нептун

Мислите дека сте виновни за се што ќе се случи и кога нештата ќе започнат да се влошуваат се убедувате себе си дека тоа е поради вашето однесување. Мошне сте чувствителни и не ретко бегате од проблемите наместо директно да се соочите со нив. Од друга страна ретроградното движење овозможува голема креативност и сочувство кон луѓето.

Ретрограден Уран

Се воздржувате од ексцентричноста и неконвенционалноста со која што се родени, но длабоко во себе знаете дека сте поинакви од другите. Постојано ви се случуваат големи и ненадејни промени кои одат од еден во друг екстрем. Ако научите да се носите со ова влијание лесно може да станете уникатна индивидуа која ги води другите кон позитивна промена и успех.

Ретрограден Сатурн

Несигурноста која ви создава илузија дека не сте вредни не ретко ве тера да направите погрешен избор. Изгледате моќно и силно и кога не се чувствувате така бидејќи сакате да и покажете на околината дека не се плашите од ништо. Треба да работите напорно за да го добиете она што го сакате затоа што влијанието на ретроградниот Сатурн ве прави непосветени.

Ретрограден Јупитер

Оваа позиција носи песимизам и недостаток од имагинација. Доколку во наталната карта имате и ретрограден Сатурн ефектите се поништуваат еден со друг. Ако пак само една од овие планети е ретроградна тогаш влијанието е поизразено.

Ретрограден Марс

Вака поставениот Марс значи дека во животот ви недостига ентузијазам. Тешко покажувате гнев и се помирувате со сè што ќе ви се наметне. Треба да научите како повеќе да се внесувате во нештата и да го покажете своето вистинско јас.

Ретроградна Венера

Никогаш не сте задоволни во своите врски. Имате проблем со изразување на емоциите и љубовта кон некого. Ретроградната Венера бара од вас да бидете поотворени со другите луѓе и да научите како да споделувате чувства.

Ретрограден Меркур

Имате впечаток дека луѓето често не го разбираат она што сакате да им го кажете или пак сосема спротивно го толкуваат. Ова се должи на тешкото изразување на мислите. Треба да работите на својата самодоверба и да се охрабрите почесто да комуницирате со околината.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби