Каков ден ве очекува?

Дали денешниот ден е погоден за отпочнување на нови нешта или пак треба да се држите до проверената рутина?

Едноставните нумеролошки пресметки лесно можат да ви дадат одговор на ова прашање.

Се што ви е потребно е датумот на вашето раѓање и последниот роденден за прво да го одредите својот личен број. На пример ако последниот роденден ви бил на 14.09.2014-та тогаш собирате 1+4+9+2+1+4 = 21. Бидејќи ви е потребен едноцифрен број продолжувате понатаму, па 21 = 2+1 = 3. Значи вашиот личен број е три.

Сега на овој број го додавате датумот кој што ве интересира. Ако сакате да знаете што ве очекува на 22.01 собирате 2+2+1 =5. На овој број го додавате вашиот личен број, кој во случајот е 3 при што добивате 5+3 = 8.

Значи за овој датум вашиот број е 8, по што можете да преминете на толкување на истиот.

Број 1 – еден е бројот на новите почетоци што значи дека денес е одличен ден за отпочнување на нови работи. Излезете од својата комфорна зона и осмелете се да преземете поголема иницијатива во реализирањето на своите планови.

Број 2 – два означува двојност и сугерира дека денот треба да го искористите за да ги подобрите своите комуникации со луѓето, без разлика дали се на приватно или професионално поле. Вообичаено наметнува определена мрзеливост, па затоа обидете се да не се впуштате во премногу сериозни обврски.

Број 3 – три е број на продуктивноста и затоа се препорачува максимално да ја искористите неговата енергија. Ова е ден кога имате чувство дека се ви оди од рака.

Број 4 - ваквите денови се погодни за сите работи поврзани со домот. Доколку сакате да купувате нов мебел, да се преселите, да реновирате или пак нешто сосема друго поврзано со местото каде живеете, ова е вистинскиот ден.

Број 5 – бројот пет навистина носи успех на секое поле. Ако досега сте молчеле или пак сте се воздржувале да го кажете своето мислење денес слободно искажете се.

Број 6 – свесни за својата моќ, денот ќе го поминете грижејќи се за себе и за тоа како изгледате, повеќе ќе се дружите со пријателите и ќе бидете во лежерно расположение

Број 7 – седум е ден за размислување. Дали го направивте вистинскиот избор? Седмицата носи смиреност и поинаква перспектива на нештата која можеби претходно воопшто не сте ја забележале.

Број 8 – осум носи поголем фокус на кариерата отколку на приватниот живот. Се што ќе направите денес ќе ви донесе успех и материјална добивка.

Број 9 – девет е симбол на помагањето, креативноста и дарежливоста. Искористете го за некое добро дело или пак едноставно бидете поотворени за проблемите на семејството и пријателите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби