Светот воодушевен од овој македонски дизајнер

Неговите креации ги обожуваат Оливија Палермо, Ким Кардашијан и многу светски модни блогерки.

На само 19 години, Тони Матичевски, македонски дизајнер кој живее во Австралија, основал сопствен бренд наречен „Матичевски“. Од тогаш не престанал да ги воодушевува модните критичари, а во неговиот дом се наоѓаат бројни награди кои ги има добиено благодарение на својата дарба.



Штета е што повеќето од нас не се запознаени со генијалната работа и постигнувања на овој 35-годишен дизајнер, но неговите креации ги обожуваат Оливија Палермо, Ким Кардашијан и многу австралиски модни блогерки.



Родителите на Тони Матичевски во 1977-та година се преселиле од Македонија во Седон, преградие на Мелбурн во кое е роден дизајнерот.



Тој ја освоил наградата Fashion Group International Award и почнал да работи за Donnа Karan, а потоа, на изненадување на многумина, ја одбил понатамошната соработка тврдејќи дека нејзината мода креативно го исцрпувала.



Се преселил во Париз, каде работел две сезони за Cerruti, а потоа во 1998-та се вратил во Мелбурн, каде во 1999-та, на само 19-годишна возраст, основал сопствен бренд со едноставен назив – „Матичевски“.

Од тогаш нема престанато да ги воодушева модните критичари, а во неговиот дом се наоѓаат бројни награди кој ги има добиено како пофалба за неговата генијалност.



Познат е по волуменозните женствени фустани со силни бои кои го истакнуваат женското тело, па неговите креации маѓепсуваат со својата женственост.



Во неговата последна колекција, наменета за сезоната пролет/лето 2015, Матичевски се има фокусирано на портокаловата, сината, зелената и белата боја, а може да се забележи дека повторно си има поиграно со волуменот и необичните изрази.

Фантастично, зар не? Погледнете повеќе на неговата веб страна.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби