Еве како најзгодната жена ја одржува својата форма

Дали знаете дека најплатениот модел на денешницата, Жизел Бундшен, како дете сакала да стане атлетичарка? Доколку го погледнете нејзиното тело дури би можеле да помислите дека е навистина така. Жизел е фит и затегната, а трчањето сè уште е нејзина страст.



Нејзината фигура станува уште по фасцинантна со податокот дека оваа 34-годишна жена е мајка на две деца. Колку е посветена на вежбањето кажува и фактот дека таа не престанала со физичката активност ниту за време на двете бремености, сè до 2 седмици после породувањето. Благодарение на редовните тренинзи и придржувањето до добар план за исхрана, за време на бременоста таа добила само 13 килограми плус.



За да ја одржува својата завидна линија, Жизел се придржува до три основни заповеди:

1. Немој да се лишуваш од нешто што силно го сакаш. Само немој да се прејадуваш.

2. Не ги избегнувај јаглените хидрати. Тие се извор на сила за телото.

3. Направи го вежбањето составен дел од твојот живот.



Планот на вежбање на Жизел

Популарниот топ модел комбинира различни типови на вежби. Пет дена во неделата таа изведува кардио тренинзи, додека останатите два дена во неделата и’ се резервирани за јога. Нејзиниот избор е Анусара јогата, која е поедноставна од другите и дозволува поголем избор на пози.

Кога сака повеќе забава, Жизел најчесто бира сурфање и аеробик во вода. Исто така, таа повремено ужива и во боречките вештини, како кунг фу.



Режимот на исхрана на Жизел

Жизел не се изгладнува со разни екстремни диети, па често јаде месо. За време на денот тоа најчесто е пилешко месо. Покрај тоа, во нејзината чинија секој ден се наоѓа и свеж зеленчук, а строго избегнува преработена храна. Исто така, секој ден таа консумира големи количини на свежо овошје.

Дневно внесува по околу 1600 калории. Самата вели дека нејзиниот појадок е незамислив без двопек, додека вечерата најчесто и’ подразбира риба. Таа никогаш после оброкот не оди право на спиење, туку минимум 3 часа подоцна.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби