ЖЕНИТЕ СЕ ИЗЈАСНИЈА

Внимание! Најлошиот подарок за Денот на вљубените

Колку и да не сакаме да признаеме, Денот на вљубените се слави и кај нас. Дел од паровите навистина сакаат овој ден целосно да си го посветат на врската, а други само се чувствуваат обврзани да купат подарок за да не им биде замерено за невнимателноста.



Датумот 14-ти февруари е сè поблиску, па сè побројни се мажите кои немаат идеја што да и’ подарат на својата девојка.

Со цел да ви помогнеме, решивме да ви го намалиме изборот и прашавме неколку дами што не сакаат да добијат за подарок за Денот на вљубените, а во продолжение со пополнување на анкетата вие откријте им што би сакале да ви подарат.

- Еднаш од еден дечко добив хулахопки со боја на кожа. Немам ништо против хулахопки, всушности и постојано ги носам, но со овој подарок не добив никакви вибрации дека ме сака, вели Ивана (27).

- Членарина за во теретана е супер подарок, но кога ќе ја добиеш за Денот на вљубените, ти доаѓа да го фрлиш сопственото момче низ прозор. За Валентајн сакаме чоколади и колачиња, а не некој да се обидува да ни каже дека мора да ослабеме, вели Ана (23).

- Парфемот е одличен подарок. Убаво мириса, романтичен е и со него нема утка – секоја жена сака парфеми. Но, постојат мажи кои наместо парфем купуваат дезодоранс. Можеби мирисаат фино, но дефинитивно немаат никаква врска со романтика, вели Ема (24).



- Еднаш бев во врска со дечко кој работеше во принт студио, а на Денот на вљубените бевме заедно само месец и пол. За таа пригода тој ми подари календар со негови слики, што можеби не е толку лош подарок кога си со некој во долга и сериозна врска, но во нашиот случај тоа беше многу чудно и непријатно. Раскинавме после неколку недели, а календарот секако заврши во корпата за отпадоци, вели Кате (26).

- Жените обожуваат убава долна облека која ги прави да се чувствуваат секси. Но, за Денот на вљубените од моето момче, со кое тогаш бев во врска цели седум години ми подари толку кичеста долна облека која воопшто не одговараше на мојот стил и која никогаш не би ја облекла. Како да воопшто не ме запознал сите тие години или како да не се ни потрудил да избере подарок кој би ми се допаднал. Страшно се разочарав и му реков дека за жал не ми ја погодил големината, вели Тамара (29).

- За да ме „изненади“ за Валентајн, моето момче купило два билети за натпреварот на неговиот омилен кошаркарски тим. Што се однесува до мене, јас воопшто не би си ни трошела време да одам на такво нешто бидејќи кошарката не ми е поле на интерес. Зарем не треба јас тоа да му го купам на него, а тој чисто како знак на внимание да ми подари барем едно чоколадо?, вели Дијана (22).

- Плишаното мече можеби би ме израдувало на 14 години, но не и на 27. Кога го видов само помислив: „што да правам сега со ова?“ Подобро воопшто да трошел време и пари и сосема да го занемарел овој ден, бидејќи ова „лигавење“ е уште полоша варијанта. Шише вино сосема ќе ја завршеше работата - ќе го испиевме и ќе имавме убава вечер, вели Анастасија (28).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби