Тие блескаа на црвениот тепих

Најголемата ноќ во музиката, како што уште се вика доделување на Греми наградите, секоја година ги собира најголемите светски ѕвезди на едно место.

И оваа година светската модна критика уште еднаш едвај чекаше да види кој што облекол. Еве кои ги собраа сите пофалби:

1. Бијонсе

Може да се каже дека црниот фустан е сигурен избор за црвениот тепих, но исто така може да биде и малку досаден, доколку не се избере вистинската кројка на фустанот.

Бијонсе со тоа нема проблеми.

Фустанот со потписот на Proenz Schouler совршено ги нагласува нејзините облини, а Бијонсе изгледа како дива.

2. Тејлор Свифт



Кога станува збор за младата надеж на светската шубизнис сцена, тешко да можеме да не ја споменеме Тејлор Свифт како една од најстилизираните ѕвезди.

Иако таа е многу млада, Тејлор добро знае што да одбере, особено кога станува збор за црвениот тепих.

Ниту овој пат не промаши. Комбинацијата на тиркизна и виолетова боја е добар спој, а кројот на фустанот е младешки и интересен.

3. Кети Пери



Кети сака да експериментира со косата и ова не е прв пат да ја видиме со боб фризура или некоја необична боја.

За разлика од претходните изданија на Греми кога најчесто таа го ставаше своето деколте во прв план, овој пат Кети одбра затворен фустан со кристали и должина до колена.

Може да кажеме и дека не погреши.



4. Гвен Стефани



Гвен секогаш беше икона на стилот, а таа титула ја заслужи благодарение на храброста да биде поинаква. Тоа повторно не значи дека Гвен не умее да биде елегантна. Таа е една од ретките ѕвезди кои оваа вечер облече пантолони. Стефани црните капри пантолони ги комбинираше со интересен корсет.

Овој пат беше изоставен црвениот кармин, кој веќе долго време е нејзин заштитен знак, но Гвен и без него изгледа совршено.

Аријана Гранде



Пејачката Аријана Гранде облече бел Armani фустан кој од градите до струкот беше прекриен со „шљокици“. Косата ја фатила во висок реп, а впечатливата шминка ја комбинираше со дијамантски прстен и дискретни обетки. Погодок за Аријана.

Секако, освен овие топ 5 најубаво облечени селебрити жени, на црвениот тепих се појавија скоро сите дами кои значат нешто во шоубуизнис индустријата. Погледнете какви проблеми имаа Ким Кардашијан и Лејди Гага со своите фустани и нивните преголеми деколтеа.

Во продолжение погледнете како изгледаа ѕвездите синоќа, од затегнатата Мадона и нејзиниот гол задник, огромниот фустан на Ријана, градите на Лејди Гага, „бањарката“ на Ким па се до чудната комбинација на Фарел и неговата сопруга.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби