Бесплатни совети за убав изглед

Нема убавина без многу пари – оваа изрека не е точна, затоа што многумина ќе се согласат дека речиси со многу малку пари можеме да направиме многу. Негата на кожата на лицето подразбира пред сè редовна хигиена, а сигурно ќе се согласите дека за тоа не е потребно богатство.



Ние ви нудиме неколку совети кои ќе ви овозможат подобар изглед:

Мијте се барем два пати во денот со ладна вода, бидејќи топлата вода ги шири порите па кожата на лицето побрзо старее. Миењето на лицето, всушност треба да биде плискање. Во двете дланки сипете максимална количина на вода и така плискајте го лицето се додека не почувствувате дека ве пецка. Тоа е знак дека проработила циркулацијата.

Додека ја бришете кожата од лицето, бришете ја прво полека, па се побрзо и побрзо. Фротирната крпа нека ви послужи како масажер, тријте го лицето со кружни движења за целосно да ја поттикнете циркулацијата.

Кремот за лице треба да го нанесете 10-15 минути по миењето бидејќи слојот крем на влажна кожа ја нарушува терморегулацијата.

По миењето ќе ви годат коцки мраз на лицето. Тријте го лицето со мраз неколку минути по миењето за да го повратите тонусот на кожата.

Исто така ладните температури му годат на лицето затоа што го намалува отокот под очите. Ако наутро се разбудите отечени под очите, немојте да се грижите. Во замрзнувач ставете две метални лажички и извадете ги по 10 минути. Нека ви постојат на отоците неколку минути и ќе видете колку малку време е потребно за да се намали отокот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби