Жените да си го бричат лицето

Ангела Гарвин, станува секој ден во 6:30 наутро. Како правен советник, таа мора да стане рано и да се подготви за нејзините состаноци. Најпрво, си го чисти лицето, потоа го преминува со тонер и става гел за бричење. Гелот го нанесува на брадата, долниот дел од образите и мал дел околу вратот. Потоа, со машки жилет внимателно си го бричи лицето. Кога завршува со бричењето, го мие со топла вода и го мачка со хидратантен крем.



Многу жени се скептични и веруваат дека бричењето на лицето само ќе ја влоши ситуацијата, исто како што ја влошува при бричење на било кој дел од телото. Влакната се размножуваат побрзо и стануваат потемни и погусти. Сепак, и покрај овие сознанија, Ангела се бричи три пати во неделата во рок од 8 години и како што вели не може да биде посреќна од резултатите.

- Евтина процедура е, одзема неколку секунди и не ја иритира мојата кожа како што се случува при ласерска епилација или восочна депилација. Тврдењата дека влакната растат потемни и погусти е само еден мит. Ова е најдоброто нешто што сум му го направила на моето лице, вели Ангела.



Некои дерматолози ја поддржуваат Ангела и сметаат дека кога се бричи лицето, шминката многу полесно и поубаво се нанесува.

- Ако се осврнеме на процесот против стареењето, бричењето има некој ефект. Тоа е како некоја форма на микродемабразија, преку која се поттикнува производството на колаген, што ги намалува брчките. Исто така, колагенот го поттикнува обновувањето на клетките, смета д-р Мајкл Прагер, доктор за естетика.



Многу жени се одлучуваат за бричење на лицето со цел да ја спречат кожата од стареење. Но, зошто кога мажите стареат нивната кожа е многу поубава од кожата на жените? Тоа е така, затоа што мажите имаат кожа која изгледа помладо поради машките андрогени кои ја прават кожата подебела за 25% во споредба со кожата на жените. Исто така, тие продуцираат поголемо количество на себум, чие масло ја хидратизира кожата. Токму затоа кај жените многу повеќе се гледаат знаците на старост.

Сепак, повеќето жени попрво би се одлучиле за хемиски третмани на лицето, отколку за бричење. Многу експерти по убавина советуваат да се користат контрацептивни таблети за да го намалат производството на андроген, но и разни кремови за да го намалат растењето на влакната.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби