Што кажува за вас денот на вашето раѓање?

Астрологијата тврди дека врз нас имаат влијание и деновите во неделата, односно денот на нашето раѓање. Ова е вака затоа што дури и имињата на деновите се дадени според планетите.

Пронајдете кој ден се паѓал датумот кога сте родени и прочитајте го толкувањето.

Понеделник – ден под влијание на Месечината



Жена – многу сте сензибилни, нежни и секогаш го следите своето срце. Уживате во хармоничен живот, поради што умеете да се прилагодите на партнерот и да му се пикнете под кожа. Своите топли чувства секогаш ги споделувате со другите, а целосно се исполнувате кога сте мајка. Ви се допаѓаат стабилни и искрени мажи, а во љубовта барате сигурност.

Маж – Поседувате богата фантазија, не сакате осаменост и утехата често ја наоѓате во нежните чувства кои ви ги искажуваат другите. Многу се жртвувате за членовите на својата фамилија, бидејќи во опкружувањето на својот дом ја пронаоѓате вистинската среќа и смисла за животот.

Вторник – ден под влијание на Марс



Жена – Многу сте страсни и умеете да заведувате. Иако вашата потреба за независност е многу нагласена и ја сакате слободата, знаете да бидете многу посесивни во односот на вашиот партнер. Бидејќи љубовта често ја доживувате како игра, можете несвесно да го повредите партнерот и да му нанесете болка.

Маж – Покрај харизматичноста и шармот со кој зрачите, многу сте убедливи и упорни. Ве краси смислата за хумор, насмевката која не ја симнувате од лицето и вечниот оптимизам и ентузијазам. Своите чувства со задоволство ги делите со другите, сакате забави, а во друштвото сте вистински џентлмен.

Среда – ден под влијание на Меркур



Жена – Кога е љубовта во прашање, многу сте нестрпливи. Ја сакате слободата, флертот и авантурите. Имате вродена спонтаност, а шармот ви е природен. Никогаш не претерувате со соништата и тешко се врзувате емотивно со партнерот.

Маж – Многу сте шармантни и зборливи. Поради вашиот жив дух и смисла за хумор, многу претставнички на понежниот пол посакуваат да бидат во ваше друштво. Во емотивна врска, најмногу се плашите од монотонија бидејќи чувствувате постојана потреба за промени.

Четврток – ден под влијание на Јупитер



Жена – Вашата потреба за флерт и романси најмногу доаѓа до израз на патувањата. Без оглед на нагласената потреба за љубов, можете да живеете и сами, бидејќи сте многу независни.

Маж – Вие сте заводник. Истовремено сте и конформист, а понекогаш и не ви е толку важен комфорот (се е во зависност од ситуацијата во која се наоѓате). Сакате вистински, но исто така сте и добар глумец. Иако вашето врзување и брак ве плашат, сепак не сте некој кој би сакал да живее сам.

Петок – ден под влијание на Венера



Жена – Сакате хармонија во сè, особено во емотивната врска. Се плашите од осаменост, а заштитата која ја барате, ја пронаоѓате во кругот на фамилијата. Мажите ги привлекувате со својата насмевка.

Маж – Кога изјавувате љубов, вие навистина ја мислите. Не можете да живеете без нежности и потврда дека сте сакани, па без тоа не можете ни да си го замислите односот со партнерот. Бракот, фамилијата и куќата ви се најважни во животот, па кога ќе ја пронајдете вистинската личност, ќе останете со неа додека смртта не ве раздели.

Сабота – ден под влијание на Сатурн



Жена – Многу сте таинствени, независни и оригинални. Како што не сакате многу да откривате за себе, така ни своите чувства не ги покажувате лесно. За вас, заведувањето е игра на интелект. Иако умеете да оддадете влијание дека сте рамнодушни, многу сте емотивни и имате потреба постојано да ги покажувате чувствата на оние кои ви значат.

Маж – Љубовната сигурност често ви е поважна од страстите, а партнерот секогаш може да смета на вас. Под вашата привидна незаинтересираност, се крие огромна нежност која понекогаш не умеете да ја искажете на прав начин. Вашите реакции знаат да бидат непредвидливи, многу сте емотивни, но се плашите да не ја поминете таа ваша ранлива граница.

Недела – ден под влијание на Сонцето



Жена – Страсни сте и импулсивни, полни со ентузијазам и со задоволство ја преземате иницијативата. Во врската останувате се додека вие сакате. Мажите кои се во врска со вас, мора да постигнат нешто значајно на професионален план. Не сакате компромиси и тешко ви паѓа жртвувањето на вашата слобода.

Маж – Амбициозни сте и многу сигурни во себе. Авторитарното однесување и самоиницијативата се особини кои најдобро ја опишуваат вашата личност. Сакате да зборувате, со задоволство ги слушате своите соговорници и ви годат комплиментите. Кон жените се однесувате заштитнички, а својата страсна природа ја покажувате во секоја пригода.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби