Бурмански хороскоп за секој ден од неделата

Бурманските зодијачки животински знаци се дело на свештениците од Мјанмар кои создале астролошки систем преку поврзување на космичкиот свет и животинското царство.

Овој хороскоп е базиран на бројот 8 за кој се верува дека е поврзан со хармонијата на енергијата и божествениот еквилибриум.

Се што треба да направите за да го најдете својот знак е да го знаете денот во неделата на кој што сте родени.


Гаруда (митска птица)

Ден од неделата: Недела

Владејачка планета: Сонце

Карактеристики на личноста: Љубезна и дарежлива. Подготвена да даде се од себе за другите луѓе. Ужива во предизвиците , колку потешка е препреката, толку помотивирана е да ја надмине. Енергична личност која ретко е во лошо расположение. Ги мотивира другите луѓе и е инспирација за многумина.

Тигар

Ден од неделата: Понеделник

Владејачка планета: Месечина

Карактеристики на личноста: Интелигентна и интуитивна личност. Лесно забележува детали и е силна и трпелива. Сепак, нејзината толеранција има граница. Не дозволува луѓето да ја злоупотребуваат или пак непотребно да и го трошат времето. Ги почитува законите и игра по правилата. 

Лав

Ден од неделата: Вторник

Владејачка планета: Марс

Карактеристики на личноста: Природен водач, крстоносец и благородна личност. Држи до себе и е мошне горда. Има силна волја и најчесто знае како да ги донесе најдобрите одлуки. Не сака да прави компромиси, но кога ситуацијата налага знае да попушти во полза на друг.

Слон со издолжени заби 

Ден од неделата: Среда наутро

Владејачка планета: Меркур

Карактеристики на личноста: Непредвидлив ентузијаст кој толку многу ја сака возбудата и акцијата, што понекогаш запаѓаа во сериозна неволја. Спонтан тип обожуван од своите пријатели поради својата независност и страст кон животот. Сака да ги контролира ситуациите.

Обичен слон

Ден од неделата: Среда попладне

Владејачка планета: Раху

Карактеристики на личноста:  Има контрадикторна природа. Вообичаено не открива детали за себе и за својот приватен живот бидејќи не сака никој да му се меша во интимноста. Затоа одлично знае како да се промовира себе си и својата работа. Презема контрола, но само кога знае дека нема никаков ризик. Овие луѓе најчесто се мошне успешни затоа што го достигнуваат успехот под свои услови.

Глушец

Ден од неделата: Четврток

Владејачка планета: Јупитер

Карактеристики на личноста: Мудри, досетливи и интелигентни. Секогаш имаат опортунистички начин на гледање на нештата. Може да бидат тивки и интровертни, но кога нешто сакаат ништо не може да им застане на патот. Потполно се фокусирани и самомотивирани.

Морско прасе

Ден од неделата: Петок

Владејачка планета: Венера

Карактеристики на личноста: Секогаш има креативни идеи, но тешко ги реализира. Најверојатно тоа се случува затоа што наместо да се посвети на една работа, ја распрснува својата енергија во повеќе насоки. Лесно им здодеваат нештата, па откако ќе западнат во рутина веднаш бараат начин како да ја избегнат. Чувствителни се на потребите на другите луѓе и се одлични пријатели.

Змеј

Ден од неделата: Сабота

Владејачка планета: Сатурн

Карактеристики на личноста: Филозофски настроени со разбирање за сите луѓе. Лесно стекнуваат пријателства затоа што се доверливи личности со нагласена смисла за хумор. Преферираат да работат сами бидејќи живеат со идејата дека секој е господар на својата судбина и не сакаат нештата да им зависат од некого.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби