Еволуцијата на фустаните за Оскар

Уште од 1929 година, наградите за Оскар се едни од најголемите настани во шоубизнисот, а црвениот тепих стана еден вид натпревар во кој актерките се натпреваруваат за својот изглед.



Актерките кои се номинирани за најдобри  имаат голем притисок за да изгледаат беспрекорно стилски и гламурозно. Нивните стилисти се обидуваат да најдат еден склад и хармонија меѓу нивната облека и фризура, шминка и накит.

Низ годините, добитничките на Оскари се најдобрите актерки во филмската индустрија, а меѓу нив се најдоа Вивиен Лејг, Грејс Кели и Елизабет Тејлор по кои се издигнаа и Гвинет Палтроу, Џулија Робертс и Џенифер Лоренс. Секоја од нив мораше да избере тоалета со која ќе воодушеви на црвениот тепих, како тоа што го направи Џоан Вудвард во 1958 година или Џули Кристи во 1966 година.



Исто така, Оскарите се огромна одговорност и за големите модни куќи, кои мора да имаат подготвено цела линија на модерни тоалети со цел актерките да можат да го направат својот избор. Тие најчесто избираат Жан Пол Готиер, Ив Сан Лорен и Ралф Лорен, но најмногу тоалети кои до сега продефилирале на црвениот тепих го носат потписот на Диор.

Се започна во 1929 година кога Џенет Гејнор носеше здолниште со горен дел и марама за да ја земе првата награда на Оскарите за најдобра актерка. Сепак, во 30-тите години, фустаните беа почесто со долги ракави и високи деколтеа, кога актерките Мери Пикфорд и Норма Шерер ги разубавија тоалетите со дијаманти, бисери и крзно. Во 40-тите почнаа да се носат подлабоки деколтеа, а тоалетите преовладуваа со црна боја. Во 50-тите години се заборави црната боја па на ред беа зелената и белата боја.

Сузан Хајвард, Џоан Вудвард и Грејс Кели носеле гламурозни, сатенски тоалети со бели ракавици.



Во доцните 60-ти и раните 70-ти години, Барбара Стреисенд и Џејн Фонда одлучија да носат костуми наместо тоалети, додека другите актерки избраа сребрени и златни тоалети.

Веќе од 90-тите актерките се охрабриле и почнале да се појавуваат во предизвикувачки фустани преку кои повеќе си го покажувале телото. Токму фустанот на Гвинет Палтроу во 1999 е еден од тие фустани.



Во недела ќе се одржат 87-мите награди за Оскар, а ние ќе ве навратиме наназад со цел да се потсетите како изгледале познатите актерки кои освоиле Оскари.

Мари Дреслер(1932), Хелен Хајес (1933), Клодет Колберт (1935)
Бет Дејвис (1936), Луис Рејнер (1937 и 1938)
Џејн Вејман (1949), Лорета Јанг (1948), Оливија де Хавиланд (1947)
Ширли Бут (1953), Оливија де Хавиланд (1950)
Елизабет Тејлор (1961), Симон Сињорет (1960)
Норма Рае (1980), Диан Китон (1978), Феј Данавеј (1977)
Мерли матин (1987), Гералдин Пејџ (1986), Сели Филд (1985)
Џесика Ланџ (1995), Холи Хантер (1994), Ема Томпсон (1993), Џоди фостер (1992)
Хелен Хант (1998), Франсис Мекдормант (1997), Сузен Сарандон (1996)
Џулија Робертс (2001), Хилари Свонг (2000)
Шарлиз Терон (2003), Никол Кидман (2002)
Хилари Свонг (2005)
Хелен Мирен (2007), Риз Витерспун (2006)
Мерил Стрип (2012), Натали Портман (2011), Сандра Булок (2010)



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби