Работа за која никој не зборува: Како изгледа вагината после породување

Женското тело доживува разни промени во различни фази и ситуации од животот. Една од нив, за која речиси никој не зборува е изгледот на вагината после породувањето.

Една мајка и блогерка, Лори Ломас, решила јавно да ги сподели тие промени со кои се соочило нејзиното тело, а особено вагината.



- Не сум повеќе сигурна ни кога, но знам дека некогаш имав убава вагина. Секако, тоа беше пред моето прво породување. Со првото дете породувањето траеше повеќе од 24 часа. После првите 12 часа повеќе не знаев ни како се викам.

Секако, оној момент кога низ вагината ќе помине главата на бебето со големина на диња, таа повеќе нема да биде иста. Иако лекарите за време на породувањето ме охрабруваа да туркам што повеќе, на крајот се испостави дека сум туркала „премногу силно“, па морале да зашијат. Таа болка никогаш нема да ја заборавам.

Лекарот ми кажа дека со време сè ќе дојде на свое и дека не треба да се грижам.

Сепак, да бидам искрена, во тој период не размислував воопшто за вагината бидејќи бебето ми беше во инкубатор. Но, за среќа на крајот сè добро заврши.

Времето поминуваше, раните зараснаа, конците се извадија. Сепак, мојата вагина го немаше истиот облик како претходно, а усните беа значајно поопуштени.

Никогаш нема да го заборавам моментот кога ставив огледалце помеѓу нозете за да видам како изгледа. Од рефлексијата целосно се шокирав, или подобро кажано, се уплашив. Мојата вагина повеќе личеше на „динстан џигер“ отколку на полов орган.

Долг период потоа не се осудив да ја погледнам повторно. Мојот сопруг присуствуваше на породувањето и беше свесен за тоа што се случуваше, па не ми поставуваше премногу прашања. Едноставно, беше доволно среќен кога почнавме повторно да имаме секс.

Со време, нашите животни патишта се раздвоија, а јас сега повторно сум сама. Кога ќе дојде моментот да најдам некој нов, не знам дали би требало прво да прашам дали би му сметал изгледот на мојата вагина, или едноставно би требало да ги изгаснам светлата и да се надевам дека тој нема да забележи ништо невообичаено. За сега ми останува само да се надевам на најдоброто.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби