Кажете збогум на анорексијата и супер ковчестите девојки кои владеат со модната писта бидејќи облините полека, но сигурно ја менуваат претставата за тоа како треба да изгледаат манекенките.
Со години крупните дами беа на маргините на модниот свет поради тоа што дизајнерите и познатите брендови го форсираат слабиот изглед.
Новата генерација на модели многу повеќе наликува на просечната жена која не им робува на диетите и не се плаши од вишокот килограми.
-Пресреќна сум со промените кои се случуваат во модната индустрија и со насоката во која што се одвива целата ситуација. Облините конечно се во мода, вели манекенката Ешли Грем.
Таа е една од неколкуте дами кои се предводнички на модната револуција и поставуваат нов пример за изгледот на женското тело.
Жените несомнено треба да се чувствуваат убаво во сопствената кожа без разлика дали се слаби или пак едноставно пополнети.
Робин Лавли
Кендис Хафина
Ешли Грем
Витни Томсон