Работите кои никој не ви ги кажува за 30-тите години

Триесеттите години се навистина одлични, бидејќи знаете што сакате, имате совршен социјален живот, кариерата ви е во пораст и ви изгледа дека целиот свет е под вашите нозе. Но, колку и да е тоа сјајно, некои промени кои ви се случуваат на телото едноставно не можете да ги стопирате. Тие се случуваат без разлика на тоа дали ги посакувате вие или не.



Следните работи кои ќе ги прочитате не веруваме дека некој ви ги кажал, па затоа многу ќе ве изненадат.

Брчки



Сите знаеме дека колку повеќе старееме нашето тело произведува се помалку колаген, а резултатот на тоа се првите брчки. Дерматолозите истакнуваат дека е многу важно да го негувате лицето со хранливи кремови со UV фактор и да го избегнувате пушењето. Личностите кои не се сончаат или не пушат, може да изгледаат и за 10 години помладо од врсниците.

Првите бели влакна



Веројатно незгодно сте се изненадиле кога сте ги здогледале вашите први бели влакна. И тоа е неизбежна појава во 30-тите. Овде најголема улога игра генетиката, па ако на вашите родители брзо им побелела косата, ни вие тоа нема да можете да го избегнете. За жал, белите влакна се појавуваат и на друго место на телото. Сите се сеќаваме на Саманта Џонс од „Sex and the City“ кога открива дека има едно бело срамно влакно на вагината.

Кожата и косата веќе не се така блескави



Тоа е процес кој исто така не можете да го запрете. Многумина им завидуваат на жените кои забременуваат во тој период кои се уште имаат блескава коса и кожа, но тоа се случува поради хормонските промени. Потоа доаѓа до нагло опаѓање на естрогенот, а за жал косата и кожата почнуваат да стареат. Многу жени забележуваат опаѓање на косата во 30-тите, но исто така се менува и структурата на косата.

Веѓи и трепки



И влакната на веѓите и трепките почнуваат да паѓаат и стануваат се поретки.

Влакна на лицето



Ако здогледате по некое влакно на брадата, немојте премногу да се вознемирувате. Едно до две се сосема нормално, но ако забележете дека има повеќе, секако посетете лекар бидејќи тоа би можело да биде синдром на полицистични јајници.

Гради



Ако родите бебе во 30-тите, дојките почнуваат да ја губат еластичноста, а може да се појават и стрии.

Забавување на метаболизмот



Еден од незгодните факти во 30-тите години е дека во просек вашиот метаболизам се забавува од 3 до 4%. Како што телото старее, така полека губиме мускулна маса и густина на коските, а функционалноста на телото се намалува. Да не зборуваме и за намалувањето на енергијата и наслагите на сало околу половината, бутовите и стомакот.

Сепак, овие факти не треба да ве депримираат. Постои и добра вест: Со активен начин на живот, избегнување алкохол и цигари, со здрава исхрана и редовно вежбање можете да го забавите целиот процес на стареење.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби