Како изгледа кога „малиот“ е навистина мал

Повеќето мажи кои не можат да се пофалат со големината на својот полов орган, мудро си молчат и не зборуваат за тоа, но не и храбриот Ент Смит.

Овој 48-годишник ги урива табу темите поврзани со димензиите со цел да им докаже на мажите дека не треба толку трагично да го сфаќаат она што им го наметнува модерното општество.

-Минатата година напишав поема и блог пост за неспокојот кој ми го предизвикува големината на пенисот. Беше болно да се пишува, но колку повеќе пишував, толку поважно беше. Имам 48 години и сè уште се справувам со неспокојот и покрај тоа што сум среќно оженет човек, вели Смит и додава: Мажите имаат голем капацитет за емоционално одрекување. Сè додека не сме конфронтирани со нашите слабости можеме да се преправаме дека не постојат.

Ент открива дека една вечер додека бил пијан започнал разговор со својот нов пријател околу големината на половите органи. Откако пријателот му се пожалил дека не е задоволен со своите 15 см, Смит му признал дека неговиот пенис е долг само 10.

-Признавањето на вистината беше навистина ослободувачко чувство, а и тоа што на некој начин го утешив пријателот беше вредна постапка. Тогаш сфатив колку големината во суштина е бесмислена. Сфатив дека мојата перспектива може да им помогне и на другите луѓе. Затоа го објавив блогот со надеж дека што повеќе мажи ќе бидат отворени и искрени за да може да се добие пореалистична претстава за тоа што претставува просек, отколку само да се следи претставата која ни ја даваат порно и рекламната индустрија.

- Во септември минатата година медиумите ме забележаа и од одеднаш започнав да давам интервјуа насекаде низ светот. Изгледа дека пронајдов некоја магична формула. Темата одеднаш повеќе не беше глупава и болна. Одеднаш сите зборуваа за мојот мал, но функционален пенис, објаснува Смит.

Неговата мисија е да ја посочи бесмисленоста на целата идеја за големината на половиот орган и да ги охрабри мажите да не обрнуваат внимание на тоа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби