Привлечноста меѓу половите е индивидуална. И додека жените „паѓаат“ на високи или ниски мажи, сини или кафеави очи, дефинирани стомачни мускули, долга или кратка коса, мажите се многу поедноставни со нивните барања.
Без разлика на нивната предвидливост, анкетата спроведена врз 5.000 мажи, малку не изненади. Имено, прашањето на анкетата гласело „Што прво забележувате кај жената и физички ве привлекува?“.
Иако сметавме дека на врвот на резултатите ќе се најдат градите и задникот, мажите овој пат покажаа дека го смениле мислењето.
Погледнете ги резултатите:
1. Очи
2. Насмевка
3. Гради
4. Коса
5. Телесна тежина
6. Нозе
7. Стил
8. Задник
9. Висина
10. Кожа