Бојата на карминот ве претвора во друга жена

Сите знаеме дека никогаш не постои втора можност за прв впечаток, па затоа мудро искористете ја својата шанса. Она што досега не сте го знаеле е дека бојата на вашиот кармин може да влијае врз тоа како луѓето ја оценуваат вашата атрактивност, индивидуалност и привлечност, како на свесно, така и на несвесно ниво.

CoverGirl спроведе истражување на 1000 жени за да открие како различната боја на кармин влијае на јавната перцепција. Резултатите покажуваат дека карминот освен тоа што ги покажува карактеристиките на жената што го носи  може да го смени начинот на кој светот ве перципира.

Црвен кармин

Жените кои практикуваат да носат црвен кармин се толкуваат како храбри и самоуверени индивидуи кои знаат што сакаат. Оние кои ја преферираат оваа боја најчесто се впуштаат во страсни врски, поседуваат најмногу високи потпетици и уживаат во правење селфи фотографии. Доколку немате навика да ја носите црвената боја, а сакате да поминете луда и незаборавна вечер, време е да ја купите својата нијанса на црвено.

Розов кармин

Розовите девојки се перципираат како оние кои најмногу сакаат да се забавуваат и во суштина се многу убави. Тие уште се и дружељубиви, атрактивни и романтични. Оваа пролет розовите нијанси се во тренд, па богатиот избор на розови кармини лесно ќе ве претвори во оваа девојка, ако веќе не сте една од обожавателките на розово.

Виолетов кармин

Оваа нијанса ретко може да се најде во шминката на обичната жена, па затоа оние дами на кои им е омилена се перципираат како независни и софистицирани. Освен тоа луѓето ги гледаат и како доверливи и амбициозни.

Кармин во боја на кожа

Дамите кои нанесуваат кармин во оваа боја се слатки и доверливи. И во тоа најубавата карактеристика на овој кармин зошто околината ги перципира како топли, грижливи, женствени и зависни. Интересно е да се забележи дека вработените кои се на пониски работни позиции вообичаено ја носат оваа боја, за разлика од оние кои се на повисока позиција и практикуваат црвен кармин.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби