15 тајни за убавина од холивудските безвременски убавици

Безвременските холивудски убавици можеби користеле професионални шминкери, но тоа не значи дека и тие не знаеле одредени трикови за убавина преку кои ги прекривале недостатоците или ги истакнувале убавите делови. Жената мора секогаш беспрекорно да изгледа, а за тоа потребно е да знаете одредени работи.

Мерлин Монро



За да ги зголеми усните, Мерлин ставала 5 различни нијански на кармин и сјај за усни за да изгледаат поголеми. Потемно црвено ставала на рабовите на усните, додека посветла нијанса на црвено во средината.

Елизабет Тејлор



Лиз Тејлор и Клеопатра редовно си ги бричеле нивните лица. Колку и да звучи смешно, бричењето ги отстранува малите бебешки влакна и мртвите клетки, а со тоа кожата има неверојатен сјај.

Одри Хепбурн



Тајната на Одри за убавите трепки се крие во следното: Откако ќе ставите маскара, земете игла и разделете го секое влакно посебно.

Керол Ломбард



За време на нејзината кариера, Керол беше повредена во сообраќајна несреќа, по што нејзиниот нос беше искривен. Пред да се нашминка, таа цртала тенка бела линија на носот што правела да и изгледа поправ.

Грејс Кели



Принцезата на Монако, употребувала руменило за да ги дефинира јаболчниците, при тоа една потемна нијанса веднаш под јаболчниците, а една посветла врз нив.

Вивиен Леиг



Полните усни отсекогаш биле желба на секоја жена, а тенката долна усна на Вивиен секогаш ја правела несигурна во себе. Поради тоа, употребувала моливче со кое сосема малку ја издолжувала устата, а потоа нанесувала кармин до таа линија.

Рита Хејворт



Прекрасната виткана коса, Рита ја одржувала на тој начин што по секое миење на косата ставала масло, потоа ја чувала 15 минути завиткана во крпа. По тоа, повторно ја миела косата со топла вода и сок од лимон за да го отстрани остатокот од маслото.

Грета Гарбо



За да и изгледаат очите потеатрални, Грета ставала тенок слој на вазелин на нејзините капаци веднаш под темната сенка за очи.

Мај Вест



Мај го употребувала маслото од кокос секојдневно, а редовно го користела како хидратантен крем за кожата да и изгледа помладо.

Глорија Свансон



Здравата исхрана била клучен фактор за убавината на Глорија. Таа освен што го јадела зеленчукот и го практикувала како маска за лице.

- Ги ставам на лице и ги јадам редовно. Колку што знам, нема подобар продукт за убавина од суров зеленчук, изјавила Глорија.

Ингрид Бергман



Ингрид секогаш сакала да изгледа природно, па се шминкала исклучиво само за некоја улога. Но, затоа, редовно ги бричела бебешките влакна на косата околу челото.

Софија Лорен



Софија редовно практикувала медитеранска исхрана, што значи дека секогаш имала маслиново масло. Кожата и била нежна и мека поради тоа што се бањала со топла вода со неколку капки од маслиново масло.

Глорија Грахам



Глорија често ја губела самодовербата поради нејзината тенка горна усна. Поради тоа, редовно ставала тврд памук помеѓу забите и непцето на горната усна и на тој начин изгледала поубаво.

Бети Дејвис



Бети имала навистина забележителни очи токму поради тоа што секоја вечер ставала кругови ладни краставици, а наутро мачкала вазелин со цел да ги покрие темните кругови под очите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби