7 непромашливи потези со кои ќе ви падне на колена

Говорот на телото е многу важен елемент, кој во голем дел ја креира сликата која другите луѓе ја имаат за нас. Па така на пример, доколку некој стои со исправен грб, таа личност ја доживуваме како силно самоуверена.

Но, одредени потези и движења на телото можеме да ги искористиме и за суптилно, но моќно да си ја искажеме заинтересираноста за личноста која ни се допаѓа.

Еве што треба да направите.

1. Поглед и насмевка

Сакате да привлечете одреден маж кој се наоѓа во истиот локал во кој седите и вие? Воспоставете контакт со очите и искомбинирајте го со пријатна насмевка. Психолошкиот експеримент на американскиот универзитет во Мисури покажало дека постојат 20 проценти шанси дека мажот ќе и’ пријде на жената која го иницирала контактот со очи. Овие шанси се зголемуваат на дури 60 проценти доколку жената го искомбинира погледот со насмевка.



2. Рефлектирање

Научниците успеале да докажат дека повеќе ни се допаѓаат оние кои ги имитираат нашите гестови и движења. Уште повеќе, доколку ги имитирате потезите на претставник од спротивниот пол, јасно ја комуницирате пораката дека тој ви се допаѓа. Обидете се да ги прекрстите рацете или нозете во оној момент кога тоа ќе го направи тој, или испијте голтка од пијачката во истиот момент.

3. Одете од неговата лева страна

Левата страна на телото е директно поврзана со десната страна на мозокот, како и обратно. Десната страна на мозокот се смета за уметничка и креативна страна, односно половина која ја привлекуваат убавите работи кои ни го допираат срцето. Експертите за говор на телото советуваат да чекорите од левата страна на оној кој сакате да го освоите, како и да шептите нежни зборови во неговото лево уво, за да постигнете максимален емотивен ефект.

4. Манипулација со миризба



Секој ден нанесувајте на поединечни делови на телото препознатлив мирис. Тоа е одлична алатка која поттикнува спомени и помнење. Бирајте парфеми кои се во согласност со сезоната, па мирисните ноти на билките и овошјето редовно ќе го потсетуваат на вас, дури и тогаш кога не сте му во близина.

5. Зголемете го тонот на гласот

Ретко кој може да ја контролира бојата на својот глас, но затоа може лесно да ја прилагодиме. Мажите природно ги привлекуваат мелодични гласови со повисоки тонови, кои им создаваат пријатно чувство. Доколку сакате да го привлечете неговото внимание, зголемете го тонот на гласот и кажете му по некој убав збор.

6. Нишајте ги колковите

Жените кои ги нишаат колковите додека одат чувствуваат поголема самодоверба во врска со сопствениот изглед, па така на себе привлекуваат многу погледи. Ова претставува најдобриот начин да привлечете внимание без ништо да кажете.



7. Нежни допири

Мажот лесно ќе се реши да ве покани на состанок доколку веќе се воспоставиле некаков физички контакт. Додека разговарате нежно допрете му го рамото или дланката, па така ќе го охрабрите да го направи токму она што го сакате.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби