5 прашања кои треба да си ги поставите пред да излезете од дома

Облеката не го прави човекот, но влијае врз впечатокот кој што го оставате кај луѓето. Токму затоа пред да го облечете првото парче облека кое ќе ви дојде при рака и излезете од дома, поставете си ги следните 5 прашања.

Која е фокусната точка на вашата облека?

Откако ќе ја изберете комбинацијата на парчиња што планирате да ја носите во тековниот ден, тргнете се од огледалото на кратко и посветете се на нешто друго. Потоа повторно вратете се пред огледалото и размислете на она што најмногу ви го привлекува вниманието кај комбинацијата. Откако ќе ја пронајдете фокусната точка запрашајте се дали би сакале луѓето да ве гледаат во тој дел од вашето тело. Доколку сте задоволни со одговорот на ова прашање, подготвени сте за следното.

Дали големината на облеката е складна со вашето тело?

Уште еднаш погледнете се, но овој пат вниманието насочете го кон големината на својата облека и дали нешто на неа е поголемо или премало за вашето тело. Запомнете дека не сте во потрага по просечен изглед, туку по најдобриот можен затоа што само најдобрата можна комбинација ќе го остави совршениот впечаток за вас.

Дали постојат мани на облеката или аксесоарите?

Секогаш можете да се справите со сите оние мали нешта како разлабавено копче или скинат конец. Но, поголемите проблеми како дупка во облеката, дамка или нешто слично подобро е да ги оставите за друга прилика и да изберете друга комбинација. Колку и да мислите дека овие нешта не привлекуваат внимание вистината е дека можат да остават мошне лош впечаток за вас.

Можете ли да го соблечете палтото без притоа да го уништите целиот изглед?

Без разлика дали марамата или шеширот ви изгледаат како супер опција за надополнување на облеката во еден момент ќе ви биде топло и ќе започнете да се расоблекувате. Ако соблекувањето на палото радикално го менува првичниот изглед, треба да размислите за друга комбинација.

Дали се чувствувате моќно?

„Добро“ не е доволно добро. Она прашање кое треба да си го поставите е дали облеката прави да се чувствувате моќно? Блејк Лајви е една од оние жени кои секогаш изгледаат беспрекорно. Во една прилика изјави дека како и секоја друга дама има денови кога самодовербата не е и на високо ниво, но откако ќе ја пронајде вистинската комбинација на облека веднаш се чувствува моќно. Затоа не се задоволувајте со облека во која се чувствувате комотно и соодветно, туку целете кон она што ќе ви даде екстра добро чувство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби