Американскиот ланец на брза храна McDonald’s зачекори во светот на модата, лансирајќи сопствена линија на облека и аксесоари под името „Big Mac“. Колекцијата вклучува разни артикли, односно маици, панталони, пижами, чизми па дури и постелнина и облека за кучиња.
Новата модна линија неодамна е претставена во Стокхолм и за почеток ќе биде достапна само во Шведска, преку онлајн продажба, чиј приход ќе биде наменет во добротворни организации. Целта на оваа акција е популаризација на McDonald’s, која во последните години често беше мета на критики, особено од нутриционистите и еколозите.