Цел живот погрешно ја миете косата!

На списокот на работи кои сте ги правеле на погрешен начин целиот живот, додадете уште една ставка. Тоа е миењето на косата.

Според врвните фризери, не постои лош ден за добрата фризура, бидејќи можете да ја имате постојано – секако, доколку на правилен начин ја миете и ја сушите косата. За таа цел придржувајте се до следните правила:



Не е важно колку често, туку како ја миете

Ким Кардашијан можеби ја мие косата секој петти ден, но според зборовите на Ендру Бартон, познат холивудски фризер, не е важно колку често ја миете туку како го правите тоа.

Немојте да користите врела вода

Според зборовите на Бартон, многу жени користат врела вода бидејќи мислат дека на тој начин подобро ќе ја измијат, но тој не се согласува со оваа техника. Имено, врелата вода ги активира лојните жлезди кои го поттикнуваат мастењето на косата.

Не претерувајте со шампонот

Количината на шампон би требало да ја прилагодите на должината на косата, но секако не би требало да биде повеќе од големината на една монета.



Избегнувајте да го нанесувате шампонот директно на главата

Прво нанесете мала количина на шампонот на дланките, па потоа преминете на косата. Доколку го втриете шампонот на темето, ќе ја поттикнете работата на лојните жлезди.

Секогаш нанесувајте шампон два пати

Иси Чурчер, креативната директорка на HOB салонот, советува нанесување на шампон два пати. После секое добро исплакнете ја косата со вода.

Маската за коса нанесувајте ја само на краевите

Нема потреба да ја нанесувате на темето.

Користете чешел

Фризерите советуваат дека е подобро косата да ја расчешлувате за време на миењето, отколку отпосле. Исто така, подобро е да користите чешел, отколку четка за коса.



Не ја сушете косата со крпа

Иси објаснува дека кога водената коса ја бришете со крпа, можете премногу да ја исушите, заради што таа станува безживотна и сува.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби