Големо враќање на модата од 80-тите години

Постојано сме сведоци на враќање на модата од порано, а овој пат замав зема модата од 80-тите години. Веќе почнавме да ги гледаме неонските бои, драматичната шминка, разбушавените коси, но и широките фармерки со висок струк.

Неонски бои



Мадона, Синди Лупер и Грејс Џонс во 80-тите години беа нашминкани со јаки неонски бои. Денес овие нијанси ги гледаме на поедини личности, кои се доволно храбри за да ги истакнат очите на тој начин. Трендовите повторно се враќаат, па така често гледаме неонски сенки за очи како што се тиркизната, сината, виолетовата, зелената и жолтата. Но, наместо да се комбинираат повеќе, овој пат трендот останува само на една боја. Сепак, ако не обожавате сенки за очи, одличен избор се моливите или тушевите кои ќе ви го дадат истиот ефект.



Освен шминката и лаковите за нокти исто така треба да бидат во јаки бои. Уште подраматичен ефект се постигнува доколку сенката за очи е контрастна со бојата за лак.



Минивал фризура



Речиси секоја жена има своја приказна за најпопуларната фризура од 80-тите – минивал. Оваа фризура одлично им стоела на Шер, Џон Бон Џови и Дејвид Боуви, но и на многу наши мајки и баби. Сепак, во денешно време тешко е да најдеме фризерски салони кои го прават минивалот на правилен начин. Овој пат минивалот се прави и на кратки и на долги коси, со употреба на разни киселини со цел да се задржи фризурата што е можно подолго време. Верувајте дека оваа разиграна фризура убаво им стои на сите, а ќе ви внесе ведрина во вашиот лик.



Тексас тренд



Тексасот никогаш не излегуваат од мода. Она што се менува кај фармерките е структурата, кројот и висината на струкот, па додека едно време носевме многу низок струк и екстра цефкасти модели, со модата од 80-тите се вратија и високиот струк и широките фармерки.



На овој начин се врати и рок стилот, но и комбинирањето со  кошула или палто од тексас. Исто така, во мода се и искинатиот тексас, за кој многу се нервираат нашите мајки. Мода си е мода, но внесете некој детаљ по кој ќе ве препознаваат. На пример, вметнете го едниот дел од блузата во фармерките, а другиот пуштете го слободно, завиткајте ги ногавиците или ракавите и бидете модерни, а сепак свои.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби