Со пластична операција до ново јас

Совршенството не постои, но секој од нас има барем еден мал дел од своето тело што посакува да е поинаков од она што е. За некого тоа е носот, за друг градите, трет е незадоволен од обемот на својата половина, додека четврт размислува како да се ослободи од подбрадокот. Во свет на променливи вредности, потрагата по ЈАС од ден на ден прераснува во борба помеѓу наметнатите стандарди и внатрешните потреби.

Истражувачите од Универзитетот во Џорџтаун неодамна открија дека пластичната хирургија го менува начинот на кој ве перципираат луѓето и тоа на подобро. Пациентите кои се подложиле на најразлични третмани како подигнување на кожата околу очите и поставување на инпланти во брадата, по процедурата биле оценувани како поатрактивни и подопадливи.

Очигледно добра вест за сите оние кои посакуваат да направат некаква корекција на своето лице и тело, со надеж дека освен со самодоверба ќе се здобијат и со поголема благонаклонетост од средината.

Човечко око незаситно

-Кога ги отстранија завоите бев разочарана. Не бев убава, туку бев поинаква од претходно, а тоа не ми беше доволно, вели една пациентка која сакајќи да ги отстрани кесичките под очите, завршила со уште поголемо разочарување.

Што кога резултатите од корекциите не се она на што сме се надевале?

Потребата за корекција најчесто произлегува од несигурноста и потрагата по идеалното јас кое треба да се манифестира преку надворешниот изглед. Но, многумина забораваат дека токму надворешноста е израз на она што го чувствуваме однатре. Убавината има двоен стандард и е сосема релативен поим бидејќи она што за некого е убаво, за друг ја нема истата вредност.

Тргнувајќи од тука оние кои веруваат дека со серија третмани и комплетно менување на личниот опис ќе го пронајдат она што им недостига однатре најчесто завршуваат со скршени илузии и нова слика за себе, на која тешко се прилагодуваат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби