Работи за кои ќе зажалите во 20-тите

Сите оние кои со нетрпение чекале да пораснат, сега велат дека се каат за тоа што брзале прерано да ја прегазат својата младост. Други пак, кога ќе се навратат наназад, криво им е што го губеле времето на погрешни луѓе. Еве ги најчестите грешки кои ги правиме во 20-тите години од животот.



Брзање да се стане возрасен

Сите оние кои забрзано чекореле кон возрасната доба, сега кога ќе помислат токму на тоа стануваат депресивни. Тие порачуваат дека нема враќање назад во младоста, па затоа секој треба максимално да ужива во неа. Ќе го имате потоа целиот остаток од животот да делувате како возрасна личност – затоа немојте да брзате.

Не превземање на ризик

Сакате да играте на сигурно? 20-тите години oд животот се многу побезбедни и полесни за ризикување, за собирање нови искуства и за тестирање на сопствените граници. Дури и да направите грешка, тогаш имате време да стигнете да ја поправите и да ја промените ситуацијата, без да имате големи последици.



Губење време на погрешни луѓе

Тоа се сите оние токсични односи во нашите животи, кои никако не можеме да ги решиме, бидејќи немаме доволно сила. Во оваа фаза од животот многу грешиме кога со сила остануваме во нефукционална врска, а не ретко се случува и да се дружиме со луѓе кои не ни одговараат... Но, во 20-тите имаме сила и без број прилики за запознавање нови луѓе, кои ќе ни помогнат да се чувствуваме подобро во својата кожа, а не обратно.

Седење во комфор зоната

Додека сте млади, слободни, полни со енергија и без обврски, како што на пример се децата, можете да одите било каде и било кога и да правите било што. Излегувањето од зоната на комфорот ќе ви донесе огромно искуство, отворајќи ви еден сосема нов поглед на светот околу вас.



Не водење грижа за здравјето

Можеби се уште не ги чувствувате последиците на некои лоши здравствени одлуки, но со време тоа ќе се промени. Почнете со промените кои се однесуваат на начинот на живеење додека не биде доцна, верувајте дека понатаму во животот ќе си бидете многу благодарни.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби