Три знаци дека залудно си го трошите животот

Доколку насловот што го прочитавте ви го привлече вниманието, продолжете да читате. Ако следните три симтоми се карактеристични за вас, сепак можете нешто да сторите за повторно да се чувствувате среќни и задоволни од животот, полни со елан за деновите и работите кои ви претстојат. Да, возможно е!



Постојано ви е здодевно, се чувствувате неисполнето и немате волја за ништо

Во вашиот живот нема ниту една работа која вистински ве радува и ве возбудува. Таа магија за вас повеќе не постои, па не гледате поента во ништо. Заради оваа длабоко вкоренета здодевност, се потпирате само на социјални збиднувања и на излегување со друштвото, се навлекувате на ТВ серии или не го испуштате телефонот од раце, губејќи време на Facebook или Instagram. Го трошите вашето време на работи на кои не би требало да го трошите и вие тоа го знаете. Еден од најјасните знаци дека залудно си го трошите животот е токму чувството дека истиот нема никакво значење.



Решение: Престанете да барате значење надвор од вас, во други личности, предмети или ситуации. Доколку ги чекате совршените околности да дојдат и да ве исполнат, и’ ја затворате вратата на среќата. Пронајдете ја вредноста на животот внатре, преку вашата врска со самите вас, во вашата душа. Доколку вашиот живот не е духовно богат, секогаш ќе го имате чувството дека залудно си го трошите, дури и да го живеете на начин кој мислите дека е соодветен.

Почнете да вежбате јога и медитација, поминувајте повеќе време во природа, вежбајќи го внатрешниот мир и размислувајте за магијата на животот. Доколку си го запоставите духот, без разлика што и да правите, вие ќе се чувствувате празно.

Се чувствувате бескорисно



Се чувствувате дека не придонесувате за ништо, дека едноставно сте бескорисни. Вашиот живот ви нема вредности бидејќи чувствувате дека не си ги искористувате потенцијалот и капацитетот кои ги имате.

Решение: Променете го ставот. Наместо да поминувате време сожалувајќи се, ставете насмевка на вашето лице и понудете се за помош на оние на кои им е потребна - било да е некој ваш близок, или пак, да започнете некоја хуманитарна работа. Тоа сигурно ќе ве исполни и вашиот живот повторно ќе добие смисла.

Постојано се жалите, озборувате и сте строги самите кон себе

Времето најчесто го поминувате размислувајќи колку светот е отиден во неповрат и се прашувате што не е во ред со луѓето околу вас. Наоѓате некое задоволство кога ги понижувате другите, бидејќи на тој начин се чувствувате дека вредите повеќе од нив.

Со жалење и озборување, всушност се обидувате да ја неутрализирате вината која ја чувствувате заради тоа што не го живеете животот кој го сакате. Овие активности сами по себе претставуваат трошење на време, што подразбира и залудно трошење на животот.

Решение: Престанете да се грижите за тоа што прават другите и запрашајте се зошто всушност вие се грижите за тоа што прават другите. Која е причината? Клучот за ова е да си проситите за минатото и за тоа што не живеете баш онака како што сакате. Сега е совршениот момент да превземете нешто околу тоа и да му дадете смисла на вашиот живот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби