Научниците потврдија: Сексајте се за подобра кариера!

Она за што долго се молчеше, сега е обелоденето од страна на научниците. Тие потврдија дека сексот е одличен за вашата кариера и дека истиот ќе ви помогне да добиете унапредување.



Ова правило веројатно не дејствува онака како што замислувате, па затоа продолжете да читате пред да се впуштите во забранетата зона.

Имено, истражувањата покажуваат дека жените кои имаат секс 3-4 пати неделно, заработуваат за 4,5 проценти повеќе за разлика од нивните колешки кои се помалку сексуално активни.

За да не дојде до недоразбирање, треба да се напомене дека сексот овде не се третира како директен фактор, туку индиректен. Тоа значи дека никако не се сугерира да му се пуштите на шефот, туку што почесто да го практикувате сексот со вашиот партнер, надвор од работното место.



Кога ќе размислиме, ова има совршена смисла! Сексот е забавен, не чини ништо, а го поттикнува лачењето на цел коктел од хормони кои нè прават среќни и делуваат позитивно врз целиот организам. Со добро расположение и зголемена самодоверба, ние можеме да поместуваме цели планини, а не пак успешно да ги извршуваме работните обврски. Зголемената самодоверба исто така ќе ни помогне да си го побараме унапредувањето кое го заслужуваме.

Кога ќе погледнеме од еден друг агол, добриот секс има многу заеднички точки со професионализмот. И двете работи се сведуваат на слушање, набљудување, употребување на вокални и невокални знаци и пораки, како и помагање на некој друг, додека истовремено се фокусираме и на себе.



Без разлика дали ќе имате секс во раните утрински часови, кога ќе се вратите од работа или навечер, важно е само да не го прескокнете.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби