15 работи кои не ги должите никому

Многу често се наоѓаме растргнати помеѓу работите кои ги сакаме и она што се очекува од нас. Општеството и луѓето во нашата околина ни наметнуваат некои стандарди на однесување кои ни се врежуваат против наша волја, па не ретко се случува да имаме грижа на совест или да се чувствуваме должни кон некој, иако нема реална причина за тоа. Важно е да запомните дека имате апсолутно право да го живеете животот како што вие сакате и дека другите немаат право да ви кажуваат како да го правите тоа, како што немате право ниту вие да им кажувате ним.



Зацртајте си во главата дека следните 15 работи не му ги должите никому:

1. Никому не должите објаснување за вашата животна ситуација

Не е важно во каква животна ситуација сте, дали живеете со вашите родители, со партнерот, сами, со цимери, па дури ниту со бившиот партнер. Не треба да се објаснувате зошто живеете на начинот на кој живеете.

2. Никому не должите објаснување за вашите приоритети во животот

Сакате да отворите бизнис? Да го продадете тоа што го поседувате и да заминете низ светот? Одете! Запомнете, не треба да ги објаснувате вашите приоритети никому. Тие се само ваши и не треба со нив да ги импресионирате другите. На крајот од животот, секој од нас ќе се кае за шансите кои не ги искористил, немајќи храбост или живејќи го животот кој другите го сакале од нас.

3. Никому не должите извинување доколку не ви е криво

Доколку сте направиле нешто што не му се допаѓа на некој друг, но не жалите за тоа, вие не сте должни да се извините.



4. Никому не должите објаснување за тоа што ви е потребно време за себе

Доколку ви треба време само за вас, тоа во никој случај не значи дека сте некултурни, безобразни, недружељубиви или затворени. Само уживајте во скапоценото време во вашето сопствено друштво.

5. Никому не должите ваша согласност за неговите лични уверувања

Кога луѓето ги делат личните уверувања со вас, тоа е често знак на доверба која треба да се цени. Но, само затоа што некој ви се отворил, не значи дека вие мора по секоја цена да кимате со главата во знак на одобрение.

6. Никому не должите потврда за сето она што ви го кажува

Знајте си ги сопствените граници и за тоа до каде сте подготвени да одите за волјата на другите. Не преминувајте ни чекор понатаму без потреба.

7. Никому не должите објаснување за вашиот физички изглед

Сте ослабеле, сте се здебелиле, сте ја промениле фризурата, сте пуштиле брада... За било која промена на вашиот физички изглед, не треба да се објаснувате која е причината.



8. Никому не должите објаснување за вашиот избор на храна

Секој од нас сака различен вид храна. Доколку некој се обиде да ве осуди, не подлегнувајте. Не теба да се објаснувате каква храна јадете. Тоа си е лично ваш избор.

9. Никому не должите објаснување за вашиот сексуален живот

Било да немате никаков сексуален живот, или пак да имате со друг или други луѓе, сè додека се возрасни личности. Тоа не е ничија работа, освен лично ваша. Мислењето на другите не е важно.

10. Никому не должите објаснување за вашата кариера или личните избори

Кога станува збор за насоката во која ви се одвива животот, не треба да барате одобрување од другите. Оние кои навистина ве сакаат, ќе бидат тука да ве поддржат.

11. Никому не должите објаснување за вашата религиска или политичка определба

Без разлика дали сте христијанин, муслиман или будист, секој си има право да верува во тоа што мисли дека е правилно. Никој нема право да ве разубедува во спротивното, ниту пак вие имате право да ги наметнувате вашите верувања на другите. Истото важи и за политичката партија кон која сте наклонети.



12. Никому не должите објаснување за тоа зошто сте сами

Не е важно дали сте сами случајно или бидејќи така сакате – вие сте сами. И веројатно сте посреќни од оние кои имаат проблем со тоа.

13. Не должите никому да издвоите време да се видите доколку не сакате

Ова е многу важно да го запомните. Не мора да кажете „да“ само затоа што некој го побарал тоа од вас.

14. Никому не должите објаснување за вашата одлука за бракот

Сакате да се омажите на 18 години? Или никогаш во животот да не го направите тоа? Сè додека сте возрасни кога ја носите таа одлука, право на истата имате само вие самите. Никој друг нема да го живее брачниот живот за вас, па заради тоа не смее ни да ви се меша при изборот.



15. Никому не должите објаснување за вашите љубовни избори

Сакате да му се смирите на момчето кое ве изневерило? Или не сакате да ја прифатите понудата за брак од партнерот? Овие одлуки сте ги направиле заради склоп на околности и причини кои сами вие ги имате доживеано. Затоа нема потреба да барате туѓо одобрение.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби