Многу брачни парови кои се нашле во ситуација да се разведат се запрашале себе си зошто нивниот брак не е функционален. На почетокот се изгледа совршено, но со текот на времето и кршењето на розовите очила, луѓето доаѓаат до заклучок дека можеби избрзале со својата одлука и човекот со кој го делат заедничкиот живот не е оној, односно онаа со која сакаат да го поминуваат своето време.
Можеме ли да предвидиме дали нашиот брак ќе го преживее тестот на времето или пак ќе се разниша на првата поголема препрека?
Студијата на познатиот американски стручњак за односи и врски, Џон Готман, покажа дека постојат јасни показатели кои со точност од 93 проценти укажуваат на тоа дали бракот ќе ви пропадне во следните 10 години.
Тој проучувал 79 брачни парови во периодот од 14 години и точно предвидел кои од нив ќе го завршат својот брак со развод. Според сознанијата на Готман, она што го прави најголемиот проблем во бракот е презирот или подобро кажано неспособноста партнерите да бидат рамноправни еден во однос на друг.
Неговата теорија ја поткрепува и истражувањето кое го спроведе универзитетот од Вирџинија. Дали ќе се разведете или не зависи од тоа каков одговор на 2 клучни прашања и тоа се: Дали повеќе сте среќни откако сте во брак или пак претходно бевте посреќни? и Што мислите како одговорил вашиот партнер/ка на ова прашање?
Оние кои веруваат дека и со бракот и без него би ја имале истата среќа имаат поголеми шанси да се разведат во рок од 6 години исто како и оние кои ги прецениле своите партнери велејќи дека се среќни во брачната заедница.
Лоша иднина им се пишува и на сите оние кои имаат тенденција кон доминација, преголем ентузијазам, идеализирање и преголем фокус на детали.