„Dad Bod“ во моментов е најпопуларниот тренд на Instagram со кој се слави пивскиот стомак, а поборниците на движењето за свои претставници ги прозваа Леонардо ДиКаприо и Сет Роген.
Интернетот „полуде“ за пивските стомаци, откако Instagram профилот „College DadBods“ во кратко време собра повеќе од десет илјади пријатели.
Луѓето на друштвените мрежи, особено девојките, неверојатно позитивно реагираа на новиот тренд со заклучок дека конечно дојде време луѓето да се чувствуваат помалку вредно или засрамено доколку имаат по некој килограм повеќе.
Инаку „dad bod“ е израз кој се користи со цел да се опише телото на мажот кој има семејство и деца и повеќе нема толку време за да се посвети на сопствениот изглед.